ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП: Ширењето на невистини по социјални мрежи нема да им помогне на лицата со попреченост и на нивните родители

April 21, 2022 15:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика останува отворена институција за сите граѓани. Сите политики, стратегии, програми и активности се насочени кон  унапредување на условите за живот и обезбедување на можности за еднаквост во општеството, информираат од МТСП.

Ставот на министерството е дека заедно – институциите и граѓаните, можеме да ги подготвиме најдобрите решенија кои се во интерес на подобрувањето на пристапот до правата и услугите од социјална и детска заштита, но и пристапот до пазарот на трудот и подобрување на капацитетите за вработување кај лицата со попреченост.

Министерството сериозно работи на создавање фер и еднакво општество за децата и лицата со попреченост и тоа во неколку наврати јавно го објави, со цел информациите да допрат до сите засегнати,   особено заедницата на родители на деца со попреченост за мерките кои се преземаат.

Децата и лицата со попреченост е важно да бидат вклучени во јавниот и општествениот живот. Затоа што, со нивното вклучување во градинка, училиште, на пазарот на трудот, во културата и социјалната средина, стекнуваат вештини и знаења со кои ќе бидат активни чинители во општеството. Во таа насока ги креираме социјалните и образовните услуги и правата од социјална заштита.

Едно дете со попреченост, односно родител на дете со попреченост кое остварува право на социјална и детска заштита, може да користи и одредена социјална или образовна услуга како личен асистент,  образовен асистент, помош и нега во домот, услуги од дневен центар, индивидуална поддршка од стручно лице, живеење со поддршка, советување и слично, без да се укине или намали висината на паричниот надоместок.

Цените за социјалните услуги кои се објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика се однесуваат на цени кои се на товар на државата, односно се плаќаат  преку ЈУ Меѓуопштинските центри за социјална работа и се бесплатни за децата или лицата со попреченост.  Овие услуги се независни и не влијаат на висината на правата кои ги примаат децата и лицата со попреченост.

Со ова сакаме правилно и вистинито да ја информираме јавноста, како и децата и лицата со попреченост и нивните семејства,  дека тврдењата кои се шират по социјалните медиуми не се вистинити и се на штета на развој на услугите и правата на децата и лицата со попреченост.

Next Post

Велика Британија воведе нови санкции за генералите на Путин: „Имаат крв на рацете“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk