ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Повисока пензија за околу 1.000 денари со исплатата во септември и 3.000 денари финансиска поддршка

April 21, 2022 16:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска оствари средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова и дел од претставниците на сојузот, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

На средбата се разговараше за теми кои ги засегаат пензионерите и се во насока на унапредување на животниот стандард на оваа ранлива категорија на граѓани.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, се воведе нов начин на усогласување на пензијата. Согласно новата методологија со исплатата на септемвриските пензии, тие ќе се усогласуваат со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот.

„Согласно, првичните анализи, со кои располагаме, а се добиени од Министерството за финансии, усогласувањето согласно измените на законот ќе придонесе кон раст на пензиите за најмалку 6%. Ако просечната пензија изнесува во моментов 16.300 денари со ова усогласување пензијата би се зголемила за околу 1000 денари. Овој износ не е дефинитивен, може да биде поголем или помал во зависност од официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) согласно кои ќе се изврши усогласување  на пензиите,“ рече Тренчевска.

Таа дополни дека покрај новата методологија за усогласување на пензиите, се обезбеди и финансиска поддршка од 1000 денари за три месеци, со цел да се ублажуват последиците од економско- енергетската криза и ценовниот шок предизвикан од воената агресија на Русија врз Украина и последиците од неа.

330.000 пензионери веќе ја добија првата финансиска поддршка за месец март, а со следните две пензии ќе ја добијат и останатата помош.

Министерката се осврна и на одлуката за редовна и предвремена исплата на пензиите во време на пандемија, пракса која ќе продолжи и понатаму.

„Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Создаваме систем, според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и постојан раст на нивните пензии,“ потенцираше министерката.

На средбата министерката ги информираше претставниците на Сојузот за воспоставувањето на социјалните услуги на локално ниво. Услугата помош и нега на стари лица во домот, која ја обезбедуваат обучени негователи кои им помагаат на старите лица во извршувањето на секојдневните активности.

Соговорниците изразија уверување дека досегашната соработка ќе продолжи. Грижата и благосостојбата на пензионерите останува приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стефанова: Со пресудата за „Плацови на Водно“ судот ја потврди тезата на Обвинителството

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk