ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Го поддржуваме оризопроизводството, доделени првите 4 од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз

April 21, 2022 16:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Николовски, заедно со директорот на Платежна Агенција, Никица Бачовски, денеска ги врачија клучевите за првите четири, од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз одобрени на последниот јавен повик објавен минатата година, на кои право на учество имаа сите земјоделци кои имаат минимум 1 хектар со ориз, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вкупната вредност на набавката е 32 милиони денари од кои 17.8 милиони денари е кофинансираната сума, обезбедена од програмата за рурален развој, преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.

“Со овие инвестиции го поддржуваме оризопроизводството и ги мотивираме земјоделците кои го произведуваат нашето „бело злато“ да продолжат да го зголемуваат производството, а ние продолжуваме со поддршката за набавка на уште нови комбајни. Наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за набавка на специјални комбајни за ориз во кој за првпат ќе биде вклучена и поддршка за набавка на мобилни сушари за ориз со што дополнително придонесуваме оризопроизводителите да ја зголемат ефикасноста при собирање и чување на зрното веднаш по жетвата“, изјави министерот Николовски.

Оризопроизводителите со новите комбајни повеќе нема да треба да ги палат остатоците од оризова слама, туку со помош на комбајнот ќе ги собираат и сецкаат. На овој начин влијаеме во  заштитата и на животната средина.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да имплементира мерки кои го осовременуваат домашното земјоделство.

Земјоделците добиваат зголемена поддршка и навремени субвенции, се помага со поддршка за зелена нафта, дополнителни 5.722 хекрати слободно земјоделско земјиште за обработка на стратешки култури, меѓу кои и оризот се ставаат на располагање на земјоделците. Преку програмата за рурален развој распишани се пет нови јавни повици, со поддршка за рурална жена, набавка на трактори, силоси, мандри и опрема за тутун. Сега е најважно да го стабилизираме и зголемиме домашното производство, но уште поважно е тоа домашно производство на крајот да заврши во нашите домашни преработувачки капацитети.

Next Post

Средба на Џафери со латвискиот претседател Левиц

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk