Четврти ден по ред пазарџиите денот го започнуваат со протести. Следната недела ќе седнат на иста маса со градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, јави 24.мк.
Закупците на тезги на Зелениот пазар и денеска повторно излегоа на улиците во центарот на Скопје. Бараат првиот еден час да е бесплатен, а за секој нареден да се врати старата цена за паркинг место на паркиралиштето кое се наоѓа во непосредна близина на пазарот.
Обвинуваат дека со одлуката за поскапување на цените, надлежните сакаат да го затворат пазарот, бидејќи велат заработувачката и онака им била слаба, а со новите цени таа е уште помала.