Фејсбук страницата „Во меѓувреме во Украина“ (Meanwile in Ukraine) објави фотографија и нејзини сегменти чиј автор е белорускиот фотограф Павел Кричко.
Според изворот, Кричко креирал портрет на Путин составен од 1.500 фотографии и скриншотови од 57 дена од војната во Украина.
„Ужас, болка, страдање, смрт, нечовечност, зло – сето тоа е на оваа слика. Не разбирам како луѓето можат да го поддржат ова“, изјавил белорускиот фотограф Павел Кричко, креатор на мрачниот портрет на Путин, според ФБ изворот.
Истата содржина ја објави и белоруската новинарка Хана Љубакова на Твитер.
https://twitter.com/HannaLiubakova/status/1517556191282581505