Волонтер го подарил својот личен автомобил на војската Dodge Challenger секако ќе го подигне моралот на бранителите на Украина.
Украинската војска, која го погоди крстосувачот „Москва“ со ракета „Нептун“, доби необичен подарок. За потонувањето на предводникот на Црноморската флота на Руската Федерација, им беше врачен легендарниот американски автомобил Dodge Challenger. За ова извести претседателот на Здружението на
меѓународни шпедитери на Украина, Виктор Берестенко.
Виктор Берестенко им подари сопствен автомобил на бранителите на Украина. Се разбира, пикап или теренец би бил посоодветен за војската за извршување на борбени мисии, а невозможно е да се вози Dodge Challenger преку орани полиња. Но, спортскиот модел дава емоции и го крева моралот.
Иконскиот Dodge Challenger е вистински американски набилдан автомобил со голем V8 Hemi мотор под хаубата. Поточно, овој автомобил има 5,7-литарска верзија на моторот со 375 коњски сили. Забрзувањето до 100 km/h трае околу 5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 240 km/h.
Нормално, идентитетите на хероите кои го потопија крстосувачот „Москва“ се уште не се соопштени. Судејќи според црните бројки, автомобилите ќе бидат доделени на единицата на вооружените сили на Украина каде што служат.
Превод: Жорж Ј Димовски