Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков на прес конференција изјави дека има сигнал дека попладнево ќе се сретнат со претставници од Владата, и дека сега за сега, штрајкот продолжува.
Нашето очекување е во интерес на учениците, децата во детските градинки, родителите, колегите кои штрајкуваат, во интерес на Република Македонија, Владата да смогне сили и да изнајде начин и средства, да ги договориме оние побарувања кои СОНК ги има доставено, се мисли во однос на усогласување на платите во дејностите што ги застапува синдикатот, во однос на зголемување на минималната плата на пропорционално ниво, продолжување на преговорите за потпишување на колективни договори во детските градинки и основното и средното образование и секако договор за динамика за пораз на платите во овие дејности за 2023 и 2024 година“, рече Неделков.
Поддршка на штрајкот на СОНК му даде и директорката на Европската конфедерација на Синдикатот за образование, Сузан Клокен која на прес-конференцијата рече дека имаат 127 организации членови и дека СОНК е важен член.