ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вархеји порача прашањето за старт на преговори да се реши до јуни, за Ковачевски националистички реторики не може да се пречка за членство

Ковачевски уште еднаш нагласи дека како земја имаме јасна цел за членство во ЕУ, а во таа насока и како држава и како народ направивме многу во изминатите 30 години, особено по добивањето на кандидатскиот статус.

April 27, 2022 08:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пред денешната посета на Скопје, вчера од Софија порача прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што се уште се разговара за ова прашање. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера повтори дека на земјава и треба брзо, а не избрзано решение и оти остануваме на инсистирањето пред европските партнери час поскоро да почне првата меѓувладина конференција. За Ковачевски, не може популистичко-националистички реторики да бидат пречка за зачленување во ЕУ.

– Кога сум веќе во Софија, има уште едно големо прашање кое не може да се избегне, а да не се продискутира – а тоа е кога ќе ги имаме првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија и кога ќе почнеме да испорачуваме кон овие земји, рече Вархеји во обраќањето на Регионалниот форум за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) во Софија.

Вархеји нагласи дека ЕУ нема ниту време, ниту интерес да се одложуваат првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.

– Сите земји членки треба да ја разберат трансформативната моќ на процесот на пристапување. И ова е пораката што ја носам во Софија повторно, бев тука пред три седмици и ќе доаѓам колку што е потребно за да се реши ова прашање во јуни годинава, бидејќи војната во Украина ни покажа дека ниту имаме време за губење, ниту интерес да се одложува овој процес, подвлече Вархеји.

Според него, војната во Украина и лекциите од минатото покажаа дека треба да се забрза процесот на целосна интеграција на Западниот Балкан во Унијата.

– Кога го наследивме ќорсокакот во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија ние исто така наследивме регион каде што и економскиот и социјален јаз меѓу ЕУ и регионот е огромен и тоа останува еден од клучните предизвици, да не ги споменуваме и институциналните реформи што треба да се направат, додаде Вархеји.

Затоа, продолжи Вархеји, важно е проширувањето на Западен Балкан да го ставиме во првите пет политички приоритети на ЕУ, затоа што војната што ја гледаме во Украина веќе ја имаме видено на Балканот и се уште имаме лекции што треба да ги научиме – а тоа е дека целосната интеграција на Западниот Балкан во ЕУ најмногу ќе придонесе за стабилност и просперитет.

На овој панел „Придобивки од интеграцијата“ во рамки на форумот, што го модерираше поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Фередика Могерини, говореше и шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој истакна дека во седмиците што следат, одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата европерспектива и оти секое натамошното одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици.

Османи истакна дека се уште немаме решение за отворените прашања што би било прифатливо и за Бугарија и за Северна Македонија, потврдувајќи дека разговорите се во тек и повикувајќи историските прашања да се препуштат на заедничката Историска комисија.

На прашање дали Северна Македонија ќе инсистира на промени во бугарската Декларација, за да се повлече ветото на Софија за почеток на преговорите со ЕУ, Османи истакна дека за земјава е важен односот на Бугарија кон преговорите.

Во врска со најавите дека Албанија ќе бара раздвојување на европскиот пат на Тирана и Скопје, Османи рече дека изјавата на албанскиот премиер Еди Рама е цитирана неточно, додавајќи дека тој рекол оти ќе ги праша граѓаните, а не дека Албанија одлучила да бара раздвојување од Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски, пак, порача дека не може политичка борба во соседна држава, земја-членка на ЕУ и популистичко-националистички реторики да бидат пречка за зачленување на држава која има четири последователни позитивни извештаи за почнување на првата меѓувладина конференција.

Одговорајќи на новинарски прашања пред настанот по повод 50 години од формирањето на ЗЕЛС, Ковачевски уште еднаш нагласи дека како земја имаме јасна цел за членство во ЕУ, а во таа насока и како држава и како народ направивме многу во изминатите 30 години, особено по добивањето на кандидатскиот статус.

– Од првиот ден зборувам дека преговорите со Бугарија ги водиме врз основа на европските вредности, врз задржување на достоинството на граѓаните на двете држави, како и врз основа на меѓусебно почитување и на политичарите и на сите институции во државите. Само ако така се водат преговорите, може да има позитивен дијалог, тон и начин на комуникација што ветува дека може да се дојде до решение за кревање на ветото. Ние треба да кажеме дека Северна Македонија има вето од соседна држава за почнување на првата меѓувладина конференција. Доколку бидат тие услови исполнети, тогаш може да се очекува договор, но само ако бидат исполнети тие услови, потенцира Ковачевски.

Во Софија, пак, во меѓувреме, евркомесарот Вархеји на средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.

Петков истакнал и дека интензивирањето на секторската соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање.

Пратеникот и потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, рече дека за време на редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, ќе побара „Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори со ЕУ и да ги почне преговорите со ЕУ, затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија“.

Тој најави дека на своите средби и обраќања ќе ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, што не ги спроведува. 

– Едни од најзначајните пресуди што што судот ги донесе во 2020- га дина е пресудата за формирање на клуб за етничка толеранција, како и пресудата за формирање на клуб за жртвите кои беа тероризирани од комунистичкиот режим. Тоа се две значајни пресуди кои зборуваат за етничката толеранција во Бугарија, но исто така и за потребата од рехабилитација на жртвите на комунистичкиот терор во Бугарија. Нешто што Бугарија не сака да го спроведе, затоа што  политиката која што ја води е слична на онаа политика која што ја води изминативе 20 години, а тоа е политика на негирање и политика која што значи непочитување на одлуките на Советот на Европа, рече Николоски.

Next Post

Зеленски: Русија нема право да го уценува светот со употреба на нуклеарно оружје

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk