ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МТСП: Во првите 100 дена обезбедивме историски раст на минималната плата и пензиите

April 27, 2022 13:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика во првите 100 дена од работата на Владата на Република Северна Македонија, реализираше клучни одлуки кои се во насока на унапредување на животниот стандард на сите граѓани, информираат од МТСП.

Зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари се  реализираше во првите три недели од работата на Владата. Низ социјален дијалог, како единствен начин за доаѓање до најодржливо решение за сите важни прашања во државата, Владата и Министерството  потврдија  дека имаат  слух и за работниците и за работодавачите. Оваа законска измена донесе директна  придобивка за околу 160.000 работници кои сега добиваат најмалку 18.000 денари месечна плата.

Во првите 100 дена, преку одговорна и посветена работа на сите чинители вклучени во економско-социјалниот дијалог се обезбеди и континуиран раст на пензиите, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот на пензионерите.

Со воведувањето на новата методологија од септември 2022 година, пензионерите секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка.

Во време на најголема светска економско-енергетска криза и ценовен шок од воената агресија на Русија врз Украина, а со цел поддршка на пензионерите како дел од ранливата категорија на граѓани, обезбедивме и директна финансиска помош, по 1000 денари за 3 месеци, односно вкупно 3.000 денари, за речиси 330 илјади пензионери. На годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет.

Финансиска поддршка се обезбеди и за примателите на Гарантирана минимална помош, во висина од 1.000 денари за три месеци, со Закон за изменување и дополнувања на Законот за социјалната заштита.

Во првите 100 дена, Министерството за труд и социјална политика, како дел од процесот на деинституционализација, отвори три станбени единици – една во Велес и две во Демир Капија – за живеење со поддршка кај лиценцирани приватни даватели на социјални услуги со корисници од Специјален Завод Демир Капија. Малите групни домови, нудат 24 часовна поддршка од стручни лица на корисниците на оваа социјална услуга и обезбедуваат средина и опкружување најблиски на семејните.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за граѓаните и унапредување на квалитет на живот останува приоритет, пишува во соопштението.

Next Post

РКЕ: Техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава има, сепак состојбата зависи од одлуките на Русија

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk