ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нуредини: Заштитата на културното и природното наследство на Охридскиот регион мора да се подигне на повисоко ниво

April 27, 2022 16:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно обврските од последната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Фужу, Кина јули 2021) и договорените чекори и обврски од заедничката Декларација на Националните комисии за УНЕСКО на Северна Македонија и Албанија (јули 2021), денес во Поградец се одржа заеднички работен состанок на политичко ниво помеѓу двете држави на кој присуствуваа министерите за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурџи и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија Насер Нуредини, како и градоначалниците на четирите општини: Поградец, Корча, Охрид и Струга и експертите кои директно работат во процесот на заштита на Природното и културното наследство на Охридскиот регион-УНЕСКО Светско Наследство.

Од состанокот очекуваме воспоставување на редовна работата на меѓу-државниот комитет за управување, согласно договорот од 2005 година, формирање на постојан секретаријат составен од релевантните експерти од двете страни, како и посветеност и спремност од двете држави за изработка на заеднички Стратегиски план за рехабилитација кој мора да се поднесе до Центарот за светско наследство најдоцна до 1 февруари 2023 г.  Исто така, треба да се пристапи кон  изработка на заеднички извештаи за напредок на двете држави, како и заедничко политичко/дипломатско делување при  организациите на Обединети Нации и Европската Унија – истакна министерот Нуредини во воведното обраќање, додавајќи дека природата нема граници и од суштинско значење е воспоставување соработка на сите нивоа – централно, локално, експертско за надминување на предизвиците и изнаоѓање решенија за зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско културно и природно наследство.

На средбата се потврди ставот дека Албанија и Северна Македонија, се целосно свесни за исклучителното наследство што го споделуваат двете држави меѓу себе, но и со светот, и решително се посветени да го направат единственото прекугранично наследство на Западен Балкан модел на добра практика и да покажат со конкретни акции како грижата за заедничкото природно и културно наследство може да придонесе за негување добрососедски односи, разбирање и блиска соработка во градењето на подобар регион, подобар свет за сите.

 

Next Post

Мојсовски: Агенцијата за млади и спорт ќе го награди младиот боксер Арсовски

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk