ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Мојсовски: Агенцијата за млади и спорт ќе го награди младиот боксер Арсовски

April 27, 2022 16:36
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на денешната прес-конференција вети награда за Петар Арсовски кој неодамна го освои бронзениот медал на Европското првенство за млади боксери.

– Честитки за младиот Петар кој дефинитивно после многу години направил одличен резултат за македонскиот бокс. После толку години имаме млад шампион кој дефинитивно се  надевам дека ќе продолжи по стапките на Вели Мумин. Задоволството е  наше што на самиот почеток се заложивме дека сите нивни успеси, сите нивни тактички варијанти кои дефинитивно се во склоп на Федерацијата ние ќе ги поддржуваме. Така и ќе продолжи. АМС стои на располагање и се надевам дека во следните циклуси ќе имаме уште многу Петари кои дефинитивно ќе направат многу за нашиот бокс.  Ова е еден почеток кој нас засега ни фалеше. Еве покажавме дека можеме и се надевам дека следните негови резултати ќе бидат златен медал. АМС секои нивни успеси ги вреднува, така ќе биде и со Петар и ќе биде награден од наша страна, истакна Мојсовски.

За големиот успех и освоениот вреден медал зборуваше и Петар Арсовски кој се заблагодари за поддршката што ја добива од Агенцијата за млади и спорт.

– Овој спорт бара огромна жртва. Особено првиот меч каде што ги изгубив и двете рунди беше многу тешко, беше драматично. Требаше претходно да се запне со сите сили и целосен напор, немаше простор за попуштање. Веќе втората борба бев повитален во сите три рунди и таму беше малку полесно. Во полуфиналето, во третиот меч Бугаринот смисли многу добра стратегија за мене и за тоа честитки, таму ме победи, но тој го избегна машкиот дуел и таму за жал изгубив.  Со него сум боксувал веќе три пати. Јас го имам еднаш и него победено, меѓутоа овој пат добро ме проценија, ме проучија како боксувам. Сакам да се заблагодарам на сите коишто ме поддржуваа за да го освојам овој медал и се заблагодарувам уште еднаш на сите.

Претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски во овој успех гледа нов почетокот за македонскиот бокс, по како што рече, стагнацијата поради пандемијата.

– Овој успех може некој да каже дека е изненадувачки, за нас не толку затоа што Петар со години тренира и учи во специјализирано училиште во Софија за боксерскиот спорт, така што за нас и не е толку изненадување. Малку парадоксално изгледа, но домашниот бокс буквално е во стагнација поради короната, памтиме сите последните две години активностите се на минимум, и овие успеси пред две години на Адријан и сега на Петар буквално не одржуваат во „живот“ и ја оправдуваат помошта што ја добиваме од Агенцијата, потенцира Димовски.

Инаку, Боксерската федерација донесе одлука да го награди Петар Арсовски со 120 илјади денари.

Next Post

Ковачевски – Шентоп: Евроинтеграциите на Северна Македонија се значајни за стабилноста на регионот и пошироко

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk