ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Денарот останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија

April 27, 2022 21:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати по повод јубилејот 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност, беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. На свечениот јубилеј се обратија и гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, како и претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во продолжение го праќаме обраќањето на премиерот Ковачевски во целина:

„Почитувани,

На 8 септември 1991 година, граѓаните на тогашна Социјалистичка Република Македонија донесоа историска одлука. На референдум глaсаа за независност и за суверенитет. Тоа беше одлучно соочување со историските околности во тој период. Беше израз на силна верба во перспективата која значеше крај на неизвесноста и нов почеток за подобар живот и подобра иднина во независна држава.

Референдумот за независност недвосмислено ја одреди нашата иднина.

Потоа следуваа создавањето на нашата армија, меѓународното признавање на државата, монетарната самостојност и воведување државна валута, и започна реализацијата на стратешките определби за членство во НАТО и ЕУ.

Сето тоа беа тестови на зрелоста. Дел од нив ги положија генерациите пред нас. Дел од нив остваруваме денес ние.

Ми претставува посебна чест, што како претседател на Владата сум дел од оваа свечена академија во чест на Јубилејот 30 години од монетарното осамостојување на Република Северна Македонија.

На 26 април 1992 година, само неколку месеци по изгласувањето на самостојноста, нашата независност се заокружи со уште еден значаен дел од мозаикот на суверенитетот на државата – Беше воведена националната валута денарот и се утврди монетарната самостојност.

Монетарниот суверенитет е една од основните компоненти на вкупниот суверенитет на секоја држава. Со донесување на пакетот закони во Собранието на Република Македонија, се постави институционалната рамка на монетарниот систем.

Во таа рамка Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред предизвиците во период на осамостојување на државата. За воспоставување стабилен макроекономски амбиент беа неопходни голема храброст, посветеност и професионализам на тогашниот тим на Народната банка.

Народната банка на Република Северна Македонија е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваа во текот на изминатите 30 години.

Денарот е и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија.

Ова е од исклучителна важност во актуелниот период на глобалната економска криза, а последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд од февруари оваа година, јасно посочи дека воопшто не се доведува во прашање стабилноста на курсот на денарот.

Тоа го потврдува институционалниот капацитет на банката којашто со соодветен монетарен инструментариум ја одржува стабилноста на денарот.

Претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, имаат доведено до непрекинат раст на девизните резерви. Девизните резерви денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс.

Народната банка на Северна Македонија беше значаен фактор за справување со тогашната глобална финансиска криза и постојаната комуникација со Владата за координирано усогласување на владините политики за соочување со ризиците од актуелната криза, даваат резултати.

Од огромно значење е улогата на Народната банка за позитивната перцепција за домашниот банкарски систем од страна на финансиските институции и инвеститори. Интеграцијата на нашиот во европскиот финансиски систем ги подобри можностите за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал.

Европската комисија оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка, се во согласност со стандардите на ЕУ.

Оваа оценка на Европската Комисија ја вклучува Северна Македонија на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, чија банкарска регулатива и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалентна на онаа којашто се спроведува во ЕУ.

Со тоа  се создаваат можности за  поголема интеграција на нашиот банкарски систем во европскиот финансиски систем, како и можности за финансирање на нашите институции на домашниот пазар и на меѓународните пазари под поповолни услови.

Народната банка преку своите политики испорача соодветни одговори на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.

На ризиците од овие фактори на глобалната економска криза, Народната банка реагираше со умерено зголемување на каматната стапка, со цел стабилизирање на инфлациските очекувања во домашната економија. На ваков начин, централната банка придонесува за одржување на макроекономската стабилност, во услови на последователни надворешни шокови.

Потврда за добрите економски политики, стигна и преку последната препорака на Меѓународниот монетарен фонд нашата земја да добие пристап до финансиски средства во рамки на Кредитната линија за ликвидност и претпазливост.

Ова е дотолку позначајно заради фактот што овој финансиски инструмент се става на располагање само на земји со здрави економски фундаменти и кои практикуваат и се очекува да практикуваат, здрави економски политики.

Уште еднаш го нагласувам придонесот на Народната банка на Република Северна Македонија кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, којшто функционира во најдобар интерес за граѓаните и целокупната економија.

Тоа во целост ја потврдува визијата на централната банка да биде препознаена како независна, одговорна, професионална, иновативна и транспарентна институција којашто ужива висока доверба и кредибилитет во јавноста.

Во такви услови со гордост можеме да си го честитаме јубилејот 30 години од монетарното осамостојување.

Честитки до сите поранешни и сегашните вработени во Народна банка на Република Северна Македонија, како и до сите останати коишто на свој начин придонесоа монетарното осамостојување на нашата држава да биде реалност за држава која оди напр

Next Post

Маричиќ на Ифтар со турскиот собраниски спикер: Едно општество е концепт за секој еден народ со својата култура и вера да придонесува во градењето на нашата земја

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk