Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната прес конференција рече дека Украина ќе добие различен вид на помош од Северна Македонија, во зависност од потребите.
„Поддршката е повеќезначајна, од финансиски, материјален и санитарен аспект, во зависност што ќе побара Украина. Секако може да биде и воена. Обврските ќе произлезат од потребите што ќе се искажат, и како Собрание треба да ги дефинираме злоделата кои што се направени таму и ќе бидеме во кординација со другите чинители за да се иницира таква резолуција, рече Џафери кој ја посети Украина пред два дена.







