ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Оваа Влада доби многу тешки проблеми, тоа е голем предизвик но и шанса за голем успех

April 29, 2022 12:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на процесот ќе кажам неколку работи. Мислам дека по прв пат во однос на преговорите со Бугарија по прв пат воспоставивме систем на рациоанлни разговори, кои се водат на повеќе теми, кои ги даваат некој диверзификација на темите на кои разговараме. Процесот престана да биде заробен само од одредени прашања, пред се поврзани со историјата и тој пристап нова енергија даваат резултати, без разлика на сите пречки, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешниот Форум за 100 дена од мандатот на Владата.

Вицепремиерот истакна дека она што ни е нам најважно е тој дијалог да се води достоинствено во духот на меѓусебното почитување и европските вредности.

„Реализираме и реализиравме конкретни проекти, ги подобривме односите и комуникацијата. Петте работни групи направија многу. Таа енергија треба да ја искористиме за време на оваа година и за време на француското претседателство и да направиме сериозен напредок. Добриот контекст е што Франција претседава со ЕУ затоа што е една од највлијателните држави во ЕУ, а претседателот Макрон лично се залага за напредок на евроинтеграциите на Западен Балкан. Јас лично мислам дека траекторијата на движење што ја воспоставивме со новиот пристап со Владата на Бугарија е таа единствено што може да не доведе до некаков успех. Сите пречки што се јавуваат на патот јас ги гледам како напори на радикалните нациоаналисти од двете страни на границата да не успееме во нашите напори. Битно е дали ќе успееме ние како рационална прогресивна, проевропска влада или ќе дозволиме да преовлада радикалниот национализам“, рече Маричиќ.

Нагласи дека ние сме подготвени да ги продолжиме овие разговори секако грижејки се за нашите национални интереси.

Наш клучен национален интерес е заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но исто така заедно со таа заштита на идентитетот да ги почнеме преговорите за членство после 17 години, потенцира Маричиќ.

„Во однос на подготвеноста можам да кажам дека РСМ е една од државите кандидатки со најдолг стаж, 17 години го имаме статусот на кандидат а 2001 сме прва држава која што некое кратко пред Хрватска го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација. Кратко време односно заедно со Хрватска стекнавме и кандидатски статус.

Последните 5 години се периоди на интензивен напредок во делот на европските интеграции и тоа треба да се верификува.

Имаме некое ниво на 45% подготвеност или усогласеност со системот на ЕУ, тоа воопшто е малку и тоа ветува дека кога ќе ги почнеме преговорите тие нема да траат предолго и премногу во однос на исполнувањето на условите и усогласување на нашиот систем.

Најдобар репер за тоа се извештаите на ЕК, тие секоја година особено од 2009 наваму сме добиле многу пати позитивни извештаи, некои со повеќе некои со помалку критики и напредок, но последните 4-5 години добиваме навистина добри извештаи кои што и ги верификуваат успесите но исто така ги препознаваат слабостите кои ни даваат мотив да продолжиме напред“, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот потенцира дека по последниот извештај нивото на подготвеност на Северна Македонија е најголемо, највисоко во регионот. Во првиот кластер – темели стоиме подобро дури о државите кои што преговараат. Имаме добра стартна позиција, но треба да ни се даде прилика да почнеме, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Next Post

Хомоеротско друштво што љуби туѓи адреси и туѓи матични броеви

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk