ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Фич“: Стабилноста на денарот овозможува одржување на макроекономска и финансиска стабилност

April 30, 2022 13:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Кредитната рејтинг агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава  ББ+. Во извештајот се наведува дека ваквата оцена е поткрепена со кредибилните и конзистентни политики, поддржани од долгогодишната стабилност на девизниот курс на денарот.

-„Фич“ нотира дека соодветното ниво на девизни резерви, овозможи задоволување на потребната девизна ликвидност на почетокот на 2022 година. Девизните резерви се оценува дека ќе останат стабилни и понатаму, и соодветни да ја одржуваат стабилноста на денарот. Дополнително, во извештајот притисоците врз билансот на плаќања се оценуваат како привремени, а ризиците во надворешниот сектор се намалени со оглед на постојната можност за користење девизна ликвидност преку репо-линија кај Европската централна банка, се наведува во денешното соопштение од Народна банка на Република Северна Македонија.

Во извештајот е посочено дека влијанието од руско-украинскиот конфликт ќе се почувствува преку зголемување на нивото на домашните цени под влијание на повисоките увозни цени на енергентите и прехранбените производи со оглед дека тие сочинуваат над 50 отсто од потрошувачката кошничка.

Народната банка започна со внимателно „нормализирање“ на олабавениот карактер на монетарната политика преку зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени. На тој начин, ќе се овозможи стабилизирање на инфлациските очекувања како и засилување на преференциите на граѓаните кон домашната валута.

Од „Фич“ оценуваат дека банкарскиот сектор остана силен покрај пандемискиот шок и постепеното укинување на мерките на финансискиот сектор за „олеснување“ на финансискиот товар на домаќинствата и претпријатијата во текот на 2021 година. Притоа, рејтинг-агенцијата констатира соодветна капитализараност и профитабилност на банкарскиот систем, и солиден квалитет на кредитното портфолио. Следствено, банкарскиот систем е во добра кондиција за да продолжи да овозможува силна кредитна поддршка на економијата, што се потврдува и со податоците на почетокот на 2022 година. Во таа насока, рејтинг-агенцијата очекува економски раст на македонската економија, иако поскромен во однос на растот остварен во текот на 2021 година.

Next Post
Фото: Caroline Hernandez on Unsplash

Проблемот со младите бездомници во Македонија го надминува капацитетот на социјалните услуги

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Скриншот

Вработени во ФЕМА се суспендирани за критики кон администрацијата на Трамп

August 27, 2025

Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk