ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проблемот со младите бездомници во Македонија го надминува капацитетот на социјалните услуги

April 30, 2022 13:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Caroline Hernandez on Unsplash

Фото: Caroline Hernandez on Unsplash

„Организација за домување и станари“ (ОДС) во соработка со Цивика Мобилитас неодамна изработи и промовираше ново истражување насловено како „Младите лица и домувањето“, во кое се анализира и темата за младите лица без живеалиште што живеат во Република Северна Македонија.

Станува збор за испитувања што досега немаат добиено генерална видливост, односно се анализираат скриеното и потенцијалното кои покрај јавното, постојат како форми на бездомништво.

Младите во земјава немаат директна поврзаност со јавното бездомништво, не постои голема бројка на млади лица кои се бездомници, но како што се наведува во истражувањето, тие се изложени на потенцијален ризик. Причини за ова се: ранливиот животен период во кој се наоѓа еден млад човек поврзан со преминот од образование кон вработување, нестабилноста на приходите кои вообичаено се случуваат во тој период (повремени или ниско платени работни места, заради недостатокот на работно искуство), важните животни случувања (брак, формирање на семејство, формирање на мрежа на контакти – човечкиот капитал), итн.

Досега, земјава нема забележано литература која го следи бездомништвото во континуитет и не е изготвен регистарот на бездомници, иако веќе неколку пати бил инициран од граѓанските организации. Постојат неколку невладини и независни организации кои работат со група потенцијални бездомници, „Една Може!“, „Национална мрежа против насилство врз жени“ и организации како „Црвен Крст“ и „Љубезност“, кои работат на терен со бездомниците и чии искуства се вметнати во истражувањето.

Главниот извор на проверени статистички и испитувачки податоци на анализата „Младите лица и домувањето“ е истражување спроведено од Асоцијација за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, што воедно е единственото кое го опфаќа бездомништвото во Македонија.

Младите бездомници во „Младите лица и домувањето“ се претставени како ранлива група бидејќи се истражува за сѐ она што не е поврзано со видливо, јавно и стереотипно бездомништво и што припаѓа во другите два облика на бездомништво, а според обезбедените податоци, возраста на младите бездомници во земјава во просек е меѓу 15 и 30 години.

(Вон)институционална поддршка

Скриеното бездомништво подразбира одредени групи на граѓани, од кои многу често се дел и младите лица, а тоа се:

  • Жени згрижени во шелтри/прифатилишта за жртви на семејно насилство;
  • Мигранти сместени во центри / прифатилиштата / социјални станови за имигранти;
  • Лица што наскоро треба да бидат ослободени од затвор, од здравствени или други институции, а немаат расположливо живеалиште.

Терминот (вон)институционална поддршка според Законот за социјална заштита ги прецизира институциите кои укажуваат помош и работат со овој облик на бездомништво како центар за бездомници и дневни центри за деца на улица.

Најпознат ваков центар е Пунктот за бездомници во Момин Поток на Црвен крст на град Скопје, и тоа е единственото место каде што може да се добијат услуги од доктор, социјален работник и психолог, како и хигиенски и берберски услуги, добивање топол оброк, добивање на медикаменти или вадење на лична документација.

Според официјалните податоци, од околу 150 лица кои на дневно ниво ги користат нивните услуги, бројот на млади лица се заокружува на десетина индивидуалци. Оттаму забележуваат дека за време на пандемијата бројот на млади со семејства се искачил наспроти бројот на млади индивидуалци, а загрижувачки пораст бил забележан и кај бројот на жртви на семејно насилство.

„Многу од корисниците на услугите на пунктот не се класични бездомници туку се дел
од деца на улица кои се претопиле во бездомници, имаат дом, ама заради најразлични причини во домот и нарушени семејни односи се третираат како бездомници“, се вели во изјавата на Црвен крст внесена во анализата.

Црвениот крст и здружението Љубезност вршат процес на индивидуална проценка на корисникот, анализа на неговите можности и ресурси со кои располага организацијата што може да му помогне. Црвен Крст досега има вдомено и вработено 6 лица, а Љубезност има вдомено 12 лица, од кои ниту едно младо лице.

Понатаму, Прифатниот центар за бездомни лица Чичино село е опција и за бездомни лица кои се во постапка за добивање на социјален стан. Но, граѓанските организации сведочат дека ова е крајна опција за лицата кои имаат потреба од живеалиште, поради значително лошите услови што наведуваат на живот без достоинство. Всушност, овој прифатен центар нуди сместување до шест месеци, со можност за продолжување до уште шест месеци, а за тоа време лицата сместени таму преку Центар за социјални работи немаат право на користење минимална помош што ги лишува дури и од набавката на лекови, бидејќи живеат без финансии.

Бездомници се сместуваат и во објектот на поранешната ЈУ за деца и младинци со нарушено поведение „Ранка Милановиќ“ во број од околу 120 лица, а постои уште еден формат кој е единствен пример во државата, прифатниот центар (контејнерска населба) Визбегово. Во оваа населба се сместени околу 120 лица од кои 40-тина се на возраст до 30 години. Таму се нуди привремен облик на домување и тоа треба да претставува преодна форма до моментот на обезбедување на социјални станови или други форми на поддржано домување, до финасиско закрепнување и создавање на можност за осамостојување на сместените семејства.

Бездомниците кои се сместуваат во ваквите центри немаат право на социјална парична помош и иако е предвидено бездомникот да престојува во центарот шест месеци, со можност за продолжување на уште шест месеци, практиката покажува дека во центрите има лица што остануваат таму и по повеќе од 10 години.

Ранливи групи и потенцијално бездомништво

Ранливите групи, самохраните родители, жртвите на семејно и родово-базирано насилство, корисниците на дроги и сексуалните работници се лица кои се подлежни на бездомништво и имаат висок потенцијал да се претопат во лица без живеалиште. Сето тоа се должи на слабите и лоши услови, долги години нереформираните прифатни центри и ограничување на можностите за користење на социјална парична помош или малата висина на понудените средства од државата.

Од причини како што се: несогласување во семејството, закани од насилство или живеење во привремени живеалишта, припадниците на овие групи често може да завршат на улица.

„Голем дел од самохраните родителски семејства, но и од еднородителските живеат во станови под закуп. Државата сѐ уште нема доволен број на социјални односно државни станови каде овие семејства би живееле безбедно. Кај нас има социјални згради, но тие се во многу мал број наспроти бројот на самохрани и еднородителски
семејства што ги имаме во населението“, стои во изјавата на Синиша Станковиќ , дел од првата младинска организација за унапредување и заштита на децата и млади од семејства од самохран и еднородителски вид.

Проблемот со недоволниот број на шелтер центри за сместување на жртви на семејно насилство постои со години и иако долго време се нагласува, во некои градови сѐ уште се изоставуваат и занемаруваат потребите од ваквите засолништа. На таа основа, Националната мрежа против насилство врз жени, во 2020 година за прв пат ја воведе социјалната услуга – Куќа за отворено домување за жени што ја напуштиле насилната средина каде се обезбедува засолниште во период од 6 до 24 месеци. Во меѓувреме, постојано се работи со жртвите, со цел нивно повторно реинтегрирање во општеството.

Првиот ризик со кој се соочуваат жртвите на насилство врз база на сексуална ориентација и родов идентитет е неприфаќањето од родителите и бркањето од дома, по што тие уште во моментот стануваат бездомници. Според истражувањето, единствената можност за домување што им се нуди на овие лица е шелтер сместувањето. Корисниците на шелтрите не се квалификуваат за социјални станови, затоа што имаат родители и припаѓаат на семејство и во центрите можат да останат најмногу до 9 месеци. Тука загрижува податокот што по изминувањето на тие 9 месеци, лицата се најчесто многу млади и неквалификувани за да обезбедат работно место, свои финансии и дом.

Најранливата категорија на луѓе кои се диксриминирани, сегрегирани и виктимизирани и од семејството и од околината се сексуалните работници и корисниците на дроги. Тие се соочуваат со постојани проблеми на бркање и неприфаќање, а за нив не постои ниту програма за домување и социјални услуги, освен ако се жртви на семејно насилство, па може да остварат интервентен или привремен престој во некој шелтер. Доколку се исклучат минималните услуги за основни потреби, како храна и туширање овозможени од Пунктот на Црвениот крст, прашањето за домување на оваа група лица останува проблематично и нерешливо.

Бездомништвото во нашата земја е резултат на високата застапеност и различните форми на дискриминација со која се соочуваат одредени групи на луѓе во кои членуваат и млади лица. Проблемот со слабата организација за згрижување на лицата  трае со години, а понудените услуги се вршат на истиот зададен начин. Тоа што може да се истакне и заклучи од истражувањето е дека за младите лица бездомници во Македонија се потребни специјализирани услуги за нивно образување и интегрирање во општеството, на пазарот на трудот и помош при решавање на прашањето за домување.

Извор: МЕТА

Next Post

Ковачевски: Со навремените антикризни мерки ги ублаживме ценовните шокови и последиците од енергетска криза

НАЈНОВО

Ray Giubilo / Instagram @raygiubilo

Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk