ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Делегација од ​канадската компанија „Магна мехатроникс“ на разговори за нова инвестиција во ТИРЗ

На средбата, како што денеска соопштија од  Дирекцијата за ТИРЗ, се разговарало за плановите за нови инвестиции на компанијата, од каде нагласиле дека разгледуваат неколку опции за отворање на нивната нова фабрика во Европа, а Северна Македонија е високо на нивната мапа.

May 4, 2022 18:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски одржаа работна средба со делегација на менаџментот на канадската компанија „Магна мехатроникс“, предводена од Мајкл Купер, потпретседател на компанијата.

На средбата, како што денеска соопштија од  Дирекцијата за ТИРЗ, се разговарало за плановите за нови инвестиции на компанијата, од каде нагласиле дека разгледуваат неколку опции за отворање на нивната нова фабрика во Европа, а Северна Македонија е високо на нивната мапа.

Во моментот, се подвлекува, веќе се водат интензивни разговори за инвестиција во една од технолошко индустриските развојни зони во земјава.

На средбата од македонска страна биле презентирани можностите и предностите за инвестирање во земјава, меѓу кои и индивидуализиран пристап во однос на поддршка од државата.

– Исто така беше истакнато дека приоритет за оваа влада се одржливи и добро платени места. Од македонска страна, беше истакнато дека се очекува стабилноста за инвестиции во земјава преточена преку членството во НАТО, како и добрата и предвидлива деловна клима во земјава да придонесат во донесувањето на конечната одлука, а од компанијата посочија дека наскоро ќе ја завршат процедурата за донесување финална одлука за инвестирање, се појаснува во соопштението.

„Магна мехатроникс“ е дел од корпорацијата „Магна интернешнал“ и произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти. Инаку матичната компанија „Магна интернешнал“ е канадска компанија која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.

Оваа компанија од 2001 година, веќе 20 години по ред, континуирано е рангирана на листата Fortune Global 500. Магна се протега на пет континенти и 28 држави со преку 347 прозводствени операции и 84 центри за развој, инженеринг и продажба со повеќе од 158 000 вработени./МИА/.

Next Post

СОНК: Заврши денешната рунда преговори со МОН, ќе продолжат в петок

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk