ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицкоски во сендвич…меѓу Груевски и Ковачевски

Да, катастрофална е и во Германија, и во Франција, и во Унгарија и во Бугарија и во цела ЕУ. Затоа што катастрофална ја направи Русија со војната во Украина. И сега видете ја контрадикторноста на Мицкоски. Од една страна бара (уценува за) избори, а од друга страна излегува дека и не мора да има избори, ако Владата на Ковачески ги прифати како советници (веројатно) или како министри, неколкуте „одбрани“ поранешни функционери од Владата на Никола Груевски, со кои патем тој ја „закопа“ Македонија и ја завитка во чоколадо, кога немаше ни за леб!!!

May 5, 2022 10:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

По сè изгледа Никола Груевски губи трпение таму во Будимпешта со пресудите, овде долу, и одозгора го притиска Мицкоски на избори по секоја цена. Но овде долу е сè уште премиер Ковачевски, кој го откачи под итно. Така сега професорот е во ситуација, нагоре високо, удолу тврдо.

И затоа прибегнува кон досега (не)видени методи. Од една страна најавува филибастеринг и блокада на Собранието, што и не е новост, тоа и досега го прави опозицијата дури и за закони важни за граѓаните. Од друга страна свесен дека само преку партијата нема да може да се изврши таков притисок кон власта, прибегнува кон повик до народот со подбуцнувачка позадина, сокриена во паролата „дека народот ќе дојде по своето“.

Откако во партијата сфатиле дека тоа е повик на линч и на насилство кој наликува на повикот на Груевски за напад врз Собранието на 27 април, на седница на ИК ја замениле синтагмата „народот ќе дојде по своето“, со повик за „граѓански активизам“.

Како и да е и едното и другото се веќе отрцани методи на политичка борба од која штета имаат сите во државата, освен ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што тие живеат со мотото „што горе, то боље“, за нив се разбира.

Интригантна е причината што раководството на партијата ја наведува за одлуката за блокада на Собранието, а тоа е личната проценка на Мицкоски дека „состојбата во земјата е катастрофална“!

Да, катастрофална е и во Германија, и во Франција, и во Унгарија и во Бугарија и во цела ЕУ. Затоа што катастрофална ја направи Русија со војната во Украина. И сега видете ја контрадикторноста на Мицкоски. Од една страна бара (уценува за) избори, а од друга страна излегува дека и не мора да има избори, ако Владата на Ковачевски ги прифати како советници (веројатно) или како министри, неколкуте „одбрани“ поранешни функционери од Владата на Никола Груевски, со кои патем тој ја „закопа“ Македонија и ја завитка во чоколадо, кога немаше ни за леб!!!

Бара ли тоа Мицкоски коалициска влада, за да нема избори??

На крајот на краиштата и не е забрането опозицијата да бара предвремени избори, тоа е сепак дел од политичката битка за превласт. Но зошто со таков жар и со уцени, како да е државата во длабока политичка криза. А не е. Дали е способна или не, е прашање на политички вкус, но тоа ни оддалеку не е причина за предвремени избори, кои за Мицковски се само средство ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт. Но од каде толкава сигурност дека тоа ќе се случи!

Повеќе изгледа дека целта на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се изборите, туку креирање политичка криза во државата,  токму кога се очекува разрешница на спорот со Бугарија. Очигледно до тоа не смее да дојде па затоа уцената е темпирана до десети мај, пред јуни кога завршува француското претседателство со ЕУ и кога напорите на ЕК се ставени на најјако Македонија да ги почне преговорите за члнество. Ако тоа се случи, тогаш сметаат во ВМРО-ДМНЕ, шансите за победа на изборите се сведени на нула.

Па човек да се праша за кого навистина навива оваа партија, за државата или за лични интереси.

А најтрагично ќе биде ако тие лични интереси не се ниту оние на Мицкоски, туку на Никола Груевски, кој доколку ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта, веројатно ќе се врати во државата. А можеби и во партијата. Тогаш може да се очекува и „прочистување на судството“, со што ќе се „прочисити“ и поранешниот премиер.

Така Македонија уште еднаш ќе стане „чистилиште“ на сите „неподобни“ кои во меѓувреме му се огрешиле на „пастирот“, додека тој се „мачеше“ во барокната Будимпешта и затоа ќе бидат испратени „во ендек“, мамето нивно.

Затоа МОРА да има избори по секоја цена и МОРА да победи ВМРО-МВРО, за сè да си дојде на свое место. Како што си беше. Уставот ќе го вратиме, Северна ќе ја избришеме, „Преспа“ ќе ја потопиме, Бугарите ќе ги оддуваме, а на ЕУ ќе и покажеме среден прст.

Во тој сон Македонија ќе си биде независна држава од никој, освен од „фамилијата“ (ако се помират членонвите). Србија повторно ќе може да се граничи со Грција, а ние сите заедно онака, христијански, цврсто прегрнати од братска Русија.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани
Next Post

Објавен повик за бескаматна кредитна линија за компании погодени од енергетската и економската криза

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk