Руската пропаганда за агресијата врз Украина е целосно поддржана од Руската православна црква. Нејзиниот поглавар, патријархот Кирил, исто така верно му служи на режимот на Кремљ. Тој на 16 март имаше средба со папата Францис.
„Брате, ние не сме државни свештеници, не можеме да го користиме јазикот на политиката, туку јазикот на Исус. Ние сме пастири на истиот свет Божји народ. Поради ова, ние мора да бараме патишта за мир, да ставиме крај на пукањето со оружје. Патријарх не смее да биде олтар момче на Путин“, му посочил Папата на Патријархот Кирил.
Руската патријаршија веднаш реагираше на изјавите на Папата
„Малку е веројатно дека овие изјави ќе придонесат за воспоставување на конструктивен дијалог меѓу Црквите, што е особено потребно денес“, велат во реакцијата.
Всушност, Папата побара од Владимир Путин најмалку три пати да обезбеди хуманитарен коридор за евакуација на цивили од градот Мариупол.
Евакуацијата што беше закажана за крајот на март, требаше да биде заедничка на Апостолскиот нунциј во Украина, со службеник на Московската патријаршија. Но, руските власти во последен момент одбија спроведување на овој план.
Вториот обид требаше да се случи во пресрет на Велигден. Папата имаше намера да го испрати во Мариупол својот кардинал за хуманитарните мисии Конрад Крајевски. Руските власти ја одложија одлуката, а потоа изјавија дека не можат да гарантираат безбедност.
Третиот пат, Папата беше подготвен да испрати брод под знамето на Ватикан до Мариупол. И овој обид не успеа.
Не се знае колку пати Кирил побарал од рускиот претседател да организира хуманитарни коридори од Мариупол и дали воопшто побарал. Затоа Кирил останува „воениот патријарх“ за голем број верници и не само од Украина.
Ј. Ѓ.
Папата Франциск го предупреди патријархот Кирил да не биде „олтар момче на Путин“