ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како да го извадиме Македонецот од кафезот на историјата!?

May 6, 2022 19:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Со мала помош на мојот пријател Витолд и пола бутилка „Крејзи луд“, благо шампанизирано бело вино од Хајдуково, седнав и го напишав овој контраманифест. Додека собата ми ја исполнуваа велемајсторските звуци на Расел Малоун и ска ритамот на Ернст Ранглин (Бурбон стрит скаг), текстот течеше како од чешма.

Хахаха!

Контра на сите академски, универзитетски, партиски и други просерувања за Македонија, што во последно време така интензивно се стврднуваат во манифести, резолуции и слични смрдливи форми.

И контра на традиционалното гробарското лигавење.

Со свежо цвеќе, длабоки наклони, чудни движења со десните раце и строги изјави од кои на непријателите им се смрзнува говното во колонот, а на македонските патриоти им потечуваат солзи низ лицата и сперма и други течности во гаќите од спонтаното свршување над славната историја на нацијата и над цврстата решеност да се истрае по патот по кој одиме со векови.

Да не се посрамотиме.

Да не ги изневериме оние кои ги дале животите за ние да живееме во слобода.

И наште деца, се разбира.

Ех, Гоце!

Твојата заслуга за животот на Македонија е минорна во однос на заслугата што можеш да ја имаш во нејзината смрт.

Ми доаѓа да те повикам да станеш и да преземеш нешто.

Доста се излежуваше во мир.

Колку си помртов, толку стануваш поопасен.

Не по твоја вина, се разбира.

Луѓето се однесуваат кон тебе и кон историјата како што се однесуваат тигрите во циркуската арена: твојот гроб за нив е тоа што е за тигрите обрачот што гори, а камерите и микрофоните за елитата се тоа што се за тигрите месните крекери.

Но, да не претеруваме.

Одиме со контраманифестот.

Премногу „сакаме да бидеме“ вакви, а не поинакви, поради што „сме“ помалку. 

Типот на Македонецот каков што го изградивме го придавува и уништува типот каков што би можеле да бидеме. 

Ние сме пубертетлии кои одбиваат да пораснат.

Да станат мажи и жени.

Остануваме дркаџии кои се борат за своето достоинство.

Од што произлегува дека Македонецот е ускратен за половината од себе. 

При што и онаа половина на која ѝ се признава правото на глас, не може да дојде до израз на природен начин. 

Погледајте ги телевизиските дебати, собраниските расправи, спортските коментари, уличните анкети, песните, прославите, јазикот, ритуалите и ќе видите за што тука станува збор. 

Ние сме како лице кое се смее само затоа што мисли дека така треба.

Кое во паузата на симфонискиот концерт на Бетовен вика: неверојатно, овој Бах е божествен.

Ние ја глумиме и радоста и тагата и спонтаноста.

Но, пострашно од тоа е фактот што мислиме дека светот ќе го поразиме со искреноста на нашите лажни чувства.

Можеби затоа сме успешни во театарот и неуспешни во животот.

Повеќе сме актери отколку што сме луѓе.

Ако се разбираме.

Слабоста на денешниот Македонец е во тоа што е премногу еднозначен, премногу е еднодимензионален. 

Фиксиран е како во посмртен сандак.

Или во бронза.

Не е пожив од кој било споменик.

Во духовна смисла, инаку мрда, вреска, писка, пее, се расправа, блокира…

Секој напор треба да тежи да го обогатиме со другиот пол, да го дополниме со поинаков Македонец, наполно, до крај, различен од сегашниот. 

Престилизирани сме. 

Дотолку повеќе што, чувствувајќи го во себе присуството на оние други можности, сакаме со сила да ги уништиме. 

Оној другиот Македонец ќе го откриеме тогаш кога ќе се свртиме против себе. 

Ќе мораме на долги години (ако историјата ни ги даде) да ѝ се предаваме на упорноста барајќи го во себе точно тоа што не го сакаме, од што се ужаснуваме. 

Да речеме, мораме да создаваме книжевност која нема да биде должна да го зацврстува Македонецот во неговото досегашно разбирање на себе, туку да го вади од тој кафез, да му го покажува она што досега не се осудуваше да биде. 

Радиските водители и водителки мора да разберат дека среќата на луѓето не е прашање на рецептите што тие ќе ги симнат од интернет, туку на самите луѓе.

И дека среќата и радоста не се единствената форма во која се постои.

Особено ако е вештачка, произведена, форсирана…

Можеме ли да се надеваме дека партиите ќе разберат дека тие не се томбола на која нацијата со сигурност ќе ја освои својата среќа.

И луѓето: дека нема не само такви партии, туку дури и богови.

Можеби Тричковски може нешто да стори, но кој може тој Сократ да го тргне од пред Флитвудот.

Хахаха!

Треба да станеме уривачи на нашата сопствена историја, потпирајќи се само на нашата сегашност, затоа што токму историјата претставува наша наследна оптовареност, ни наметнува вештачка претстава за нас, не присилува да бидеме слични на историскиот извор, наместо да живееме со сопствената стварност. 

Ние не можеме да останеме Македонци врз основа на историјата и саморазбирањето какви што ги имаме утврдено. 

Милион пати сум пишувал за тоа.

Не затоа што така вика Бугарија, туку затоа што тоа е така.

Способноста тоа да се сфати е откровение и подвиг.

Останувањето на сегашните позиции е наркозависност која денес или утре ќе заврши трагично.

Вмро, не овие говњари од дпмне, туку идејните оператери, нѐ држат на тоа ниво само затоа што ја знаат неговата смртоносна димензија, а класичните, академски, универзитетски и граѓански македонисти, ги држат позициите од опортунизам, срам и надеж дека макар и за кратко може да се профитира.

Да се освои уште некој мандат и сл.

Денеска веќе воопшто не е во прашање да издржиме во наследството кое ни го предале поколенијата, во прашање е ние тоа да го превладееме.

Промените се наша потреба, а не ултиматум на Софија.

Никогаш не би седнал со оној Димитров на кафе. Ангел е студен и безличен. Ми личи на голем стаорец кој одбива да забележи дека канализационата цевка му е празна. Или  дека е полна со некои други говна. Мора да е Македонец. Ги влече тие комплекси. Што мене ми се многу добро познати. Неговиот апел за радикална ревизија на македонската историја има сосема различни, јас би рекол подли мотиви, но за самата тема јас мислам исто како и овој бугарски глодар. 

Преиспитување, критика, катарза. 

Колку тоа преиспитување ќе нѐ доближи до Бугарите или, можеби, ќе не оддалечи, е неважно прашање, битно е како низ тој процес ние да расчистиме со себе, со своето наследство, како да се ослободиме од тие хендикепи.

Ние не можеме со чепрегановци, ачковки и други историчари и историчарки да го оствариме тој подвиг. Можеби грешам. Би бил среќен ако грешам. Ако грешам, нека изгорам. 

Хахаха! 

Но, сигурно е дека ни треба подвиг. 

Подвиг кој ќе биде реализација на духот. 

Ако го оствариме тоа ќе значи дека имаме дух, а ако останеме во оваа кал ќе значи дека дух немаме и дека иднина и не заслужуваме.

Драмата е многу посложена.

Некои аспекти на таа драма се сврзани со евроитеграциите, но суштината е посложена и подлабока, таа е, пред сѐ, културолошка, филозофска, психолошка, ментална. 

Ние мораме да се победиме самите себе ако не сакаме други да нѐ победат.

И историјата.

Оти, кога историјата ги победува народите, вика: Адио (Македонијо), толку беше.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk