ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Планот на МЗШВ за производство на храна презентиран пред жителите на општина Чашка

May 7, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од теренската кампања за презентација на мерките од Националниот план за производство на храна, државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) Трајан Димковски и директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски денеска остварија средба со земјоделците од општина Чашка.

Во селото Теово, информираат од МЗШВ, остварија посета на сточната фарма од Љубе Јовановски, долгогодишен одгледувач на овци, кој заедно со своето семејство работи и живее од земјоделството. Љубе заедно со своето семејство одгледуваат повеќе од 1.200 грла овци и обработуваат житни култури.

-Со Интервентниот фонд донесовме мерки за поддршка за одлгедувачите на овци, па така ја зголемивме подмерката за обележани грла овци од сите категории од 1.000 денари на 1.200 денари за грло овца. Преку нова интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет даваме дополнителна поддршка на сточарите, го информираа тие.

На средбата во селото Голозинци пред земјоделците беа презентирани мерките од Националниот план за производство на храна. Планот има за цел стабилно и зголемено домашно производство на стратешки култури и намалување на увозната зависност. Земјоделците добиваат 40 отсто дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сончоглед и јачмен.

-Ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот, со дополнителни скоро 100 евра од хектар, велат од МЗШВ.

Распишани се и веќе течат, додаваат, пет јавни повици преку програмата за рурален развој, за набавка на трактор, набавка на мандри, силоси, опрема за тутун и рурална жена. Повиците се отворени, а крајниот рок за поднесување е до 20 мај.

Еден од повиците кои беше презентиран пред земјоделците беше повикот за

изградба на мандри кои им помага на одгледувачите на добиток за инвестиции во градба, реконструкција и адаптација на објекти за преработка на млеко во бачилата. Максималниот износ на оваа поддршката е до 600.000 денари по корисник.

-Во овие моменти на светска криза постојано сме во консултација со земјоделците. Целиот капацитет на Министерството е ставен на располагање на секој еден земјоделец, во секое време.  Заедно рамо до рамо со земјоделците, успешно се бориме со кризата во која се наоѓаме. Ги повикавме сите земјоделци да ги следат роковите и да ги искористат максимално мерките кои се подготвени во Националниот план за производство на храна, порачуваат од МЗШВ.

Next Post

Украински борци за човекови права ги повикуваат европските лидери: Гарнизонот во Мариупол сè уште може да се спаси

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk