ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мета со порака до Рама: Ништо нема да го спречи откривањето на нарко-владините скандали

May 7, 2022 15:09
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На барањето на премиерот Еди Рама, Специјалното јавно обвинителство, СПАК, да почне истрага за албанскиот претседател Илир Мета, кого, како што рече „Албанците сакаат да го видат пред СПАК“, веднаш реагираа од неговиот кабинет.

Портпаролот Теди Блуши, во реакцијата наведува дека времето на „опозитаризмот“ искасапен од владината корупција забрзано истекува и дека ништо нема да го спречи разоткривањето на нарко-владините скандали.

Во реакцијата посебн акцент е ставен на споменувањето на судијата Дворани од страна на Рама, кој рече дека СПАК се занимава со него, кој живее во стан стар 90 години, а не со оние кои имаат повеќе вили и друго богатство.

-Сите Албанци со нетрпение чекаат да дознаат што го држи во заложништво „Дворани“ и владата со „Дворани“ и правдата. Сите Албанци знаат дека Дворани го попречуваше со сите можни средства, намерно и само во име на Рама, пополнувањето на испразнетите места на Уставниот суд, фалсификувајќи, манипулирајќи и кршејќи го Уставот и законите на правдата, само за да обезбеди неказнивост на Рама, наведува Блуши.

Додава дека е официјално докажано дека Дворани го сокрил имотот, но, ветинг-партијата „скандалозно и незаконски ги затвори очите пред ова прикривање на богатството и тоа е факт кој никогаш не може да се прикрие“.

-Прекршувања на Уставот и законот за Дворани на партијата-држава потврди и Венецијанската комисија. Доколку навистина постоеја реформи во правосудството, Дворани ќе требаше да биде прв пред правдата за да ја добие заслужената казна. Сите Албанци сакаат да знаат што го принудува Рама, шампионот на корупција, кој Албанија ја претвори во наркодржава и втора во светот за корупција, да се врати кај адвокатот Дворани, посочува Блуши.

Јасно е, според него, дека заштитата на Дворани во јавноста е јавен повик до судството да не ја нарушува партиската линија во спроведувањето на правдата, зашто во спротивно ќе имаат последици.

-Рама-Дворани и Дворани-Рама се нераскинлив бином на антидржавност, кршење на Уставот и законите, фалсификување службени исправи и зграпчување на државата во име на партијата. Одземањето на државата тргнува од одземањето на опозитаризмот. Ништо нема да ја запре ескплозијата на скандалите на нарко владата, посочува потпаролот на Мета.

Next Post
Бугарија, Софија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Бугарија бара од ЕУ двегодишно одложување, пред целосно да запре увозот на руска нафта

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk