ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дендиас: Германија направи грешка што не нѐ покани на конференцијата во Берлин

Грчката Влада уште од јули се обидувала да обезбеди учество, но Германија не прифатила задоцнето вклучување во процесот

January 18, 2020 13:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Очекуваме Берлин да биде една скала во процесот за мир во Либија, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ и додава дека тие сакаат мир во Либија, стабилност во регионот, а не „примирје што ќе се прекине по еден месеци или неколку седмици“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција ги повтори европските ставови за либиското прашање односно прекин на огнот и признавање на невалидноста на двата меморандуми меѓу Турција и Владата во Триполи.

Дендиас, коментирајќи го фактот што Грција не доби покана за учество на конференцијата за Либија што ќе се одржи утре во Берлин, рече дека грчката Влада уште од јули се обидувала да обезбеди учество, но Германија не прифатила задоцнето вклучување во процесот.

„Мислам дека Германија направи грешка. Не нѐ прими, но ова е дискусија што ќе ја водиме по Берлин. Она што сега е важно, и дозволете ми да го кажам, е дека Германија има обврска, како и господинот Борел и госпоѓата Фон дер Лајен и господинот Мишел кои учествуваат на конференцијата да ја бранат европска позиција. Европскиот став е ставот изразен на последниот Европски совет. Прифатен е од сите држави. Беше едногласна одлука и во одлуката е вклучено признавање на невалидност на двата меморандуми. Германија не може да се оддалечи од својата европска капа и да не се стреми кон поништување на овие два меморандуми“, рече Дендиас за ЕРТ.

Во однос на меморандумите, истакна дека и самиот лидер на Либиската национална армија, Халифа Хафтар бара нивно поништување.

Поништувањата на двата меморандуми, Дендиас ги споменува и во однос на очекувањата од утрешниот состанок во Берлин.

„Во оваа фаза очекуваме, прво, а во таа насока го охрабривме Генералот Хафтар, да има примирје и да има првична согласност за отстранување на странските елементи и на странските сили од Либија, се подразбира дека Турција фигурира прва. Турција е највмешана странска сила во Либија. А потоа, либиското општество да може да го најде својот пат, а на овој пат, неопходен елемент е поништувањето на овие два меморандуми, бидејќи овие две меморандуми всушност се под заштита на странска интервенција во Либија, на турската интервенција во Либија. Па така, очекуваме Берлин да биде една скала во процесот за мир во Либија“, истакна шефот на грчката дипломатија во синоќешното интервју за ЕРТ.

Next Post

ЕУ ја намалува претпристапната помош за Турција за 75 проценти

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk