ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски од Американ Колеџ: Економските придобивки од зачленувањето во ЕУ се поттик за унапредување на преговорите

May 9, 2022 17:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, на покана на Универзитетот Американ Колеџ, каде што беше шеф на катедрата за маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки пред да ја преземе функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија, одржа почесно предавање на тема „Анализа на економските придобивки и ефекти од зачленувањето во Европската Унија“, по повод 9 мај – Денот на Европа.

Премиерот Ковачевски во своето предавање пред студентите истакна дека иако почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е одложен после одлуката на Брисел од 20 март 2020 година за безусловно одржување на Меѓувладината конференција за почеток на пристапниот процес за членство во ЕУ, тоа и понатаму е првенственита задача за целиот тим на Владата.

„И во овие услови на опструкции во последните три години, Северна Македонија бележи интензивен напредок во делот на евроинтеграциите и доаѓа време тоа да се верификува. Знаеме дека брзината на нашиот напредок ќе зависи од динамиката на реформите, односно од брзината и степенот до кој општеството како целина ќе се вклучи во тие процеси и ќе се реформира“, нагласи Ковачевски.

Претседателот на Владата потенцираше дека зачленувањето во ЕУ за земјата која станува членка носи придобивки од секој аспект, а од искуствата на земјите кои станале членки во ЕУ, видливо е зголемување на економската активност, зголемување на трговијата, повисоки странски инвестиции и поголема вработеност.


„Покрај зголемувањето на економската активност и подобрените економски индикатори, членството во ЕУ вообичаено претпоставува и подобро владеење на правото, политичка стабилност, квалитет на регулативите, пониско ниво на корупција и висок капацитет на институциите и квалитетни услуги за граѓаните“, посочи премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски за време на почесното предавање за придобивките од членството во ЕУ говореше низ компаративната анализа на искуствата на земјите кои станаа членки на ЕУ во мај 2004 година  – Полска, Чешка, Унгарија, Естонија, Латвија, Литванија, Словачка, Словенија, Кипар и Малта, за Бугарија и Романија кои станаа членки во јануари 2007 година, како и за Хрватска, која стана членка на ЕУ во јули 2013 година.

Ковачевски посочи дека Членството во ЕУ кај овие земји донесе повисоки стапки на економски раст, значително ја намали невработеноста, донесе повисоки странски директни инвестиции, ја подобри конкурентноста, надворешно-трговската размена и влијаеше на зголемувањето на стандардот на граѓаните и на очекуваниот животен век.

Претседателот на Владата Ковачевски потенцираше дека генерацискиот успех на нашата земја со членството во НАТО, треба да биде поттик за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Next Post

Вербално и физички нападнат активистот Беким Асани пред очите на неговата мајка

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk