На насловната страница на руското пропагандно издание Лента.ру се појавија повеќе од десетина написи во кои се критикува претседателот Путин и војната против Украина. Тие сега исчезнаа од страницата, но копија од главната страница е зачувана во веб-архивата.
За тоа јавуваат Медиазона и Insider.
На насловната страница извесно време имаше вести со наслови „Путин ја покрена една од најкрвавите војни во XXI век“, „Владимир Путин се претвори во мизерен и параноичен диктатор“, „На руската елита и е здодевно од непотизам и клевета“, и написот „Во војна полесно се покриваат неуспесите во економијата. Путин мора да замине. Тој води бесмислена војна и ја води Русија во бездна“.
Веднаш следеа деманти дека овој материјал не бил договорен со раководството, а за неговото објавување претседателската администрација ќе и даде на публикацијата строго предупредување. Во потписот, како одговорни за написите се Јегор Полјаков, раководител на одделението за економија и животна средина, и Олександр Мирошников, уредник на овие оддели.
“Потписите се наши, тие веќе разговараа со мене, верувам дека можеме да кажеме дека повеќе не работиме во Лента “, рече Полјаков.
Изданието забележува дека причината за појавата на написите не се хакери, тоа е „протест“ на нивните вработени.
Зошто се случи ова во моментов не е познато. Од почетокот на руската инвазија на Донбас и Крим, Лента.ру ја промовира пропагандата на Кремљ и ја оправдува политиката на Путин. Изданието сè уште активно ја промовира војната против Украина.
превод: Жорж Димовски