ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Сојузот на средношколци се оградува од текст објавен на Кооперација.мк

May 10, 2022 10:14
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколци ја известува јавноста дека заканите по живот коишто ги добива нашиот претседател како коментари на социјалните мрежи ги пријавивме во Одделението за компјутерски криминал на Министерството за внатрешни работи. За случајот се информирани и ЗНМ, Советот за етика во медиумите, Меѓаши, УНИЦЕФ и Хелсиншкиот комитет, пренесува МИА.

Имено, на 4 мај 2022 на Фејсбук страницата на „Кооперација.мк“ се појави сатиричен текст со наслов „САКАМ ДА СЕ УКИНАТ РАСПУСТИТЕ! САКАМЕ ДА УЧИМЕ !!!“ во кој, иако се велеше дека е изјава дадена од анонимен член на Сојузот, беше прикачена фотографија на нашиот претседател Лука Павиќевиќ од неговото најскорешно гостување на ТВ Сител.

Самиот факт што истиот стана еден од најкоментираните и најсподелуваните текстови на порталот со над 34.000 прегледи, илјадници коментари, закани по живот, навреди и говор на омраза, пробуди одговорност да се огласиме на темата.

Првично, клучно е да потенцираме дека станува збор за текст со сатирична авторска содржина напишана од автор на Кооперација.мк, а не вистинска изјава од било кој член на Сојузот на средношколци. Поради поставената слика на објавата од Лука Павиќевиќ, огромното мнозинство на читатели заклучија дека станува збор за изјава од страна на член на Сојузот на средношколци, поконкретно самиот претседател. Ова доведе до голем број од горенаведените негативни последици. Проблемот го согледуваме земајќи ги предвид импликациите врз достоинството на секој средношколец во државата.

Со оваа наша објава, сакаме да се оградиме од каква било одговорност во врска со статијата на порталот „Кооперација.мк“. Ставот и барањата на Сојузот никако не се поврзани со конкретниов медиумски запис.

Во тој поглед, сакаме да го искажеме нашето разочарување со личните напади, навреди и коментари директно насочени кон Лука Павиќевиќ и Сојузот. Сојузот е разочаран дека порталот не преземал ништо да ги отстрани коментарите со заканувачката содржина и што одлучил да ја употреби таа фотографија.

Ваквите ситуации дополнително ја докажуваат потребата за зголемена едукација и свест за медиумската писменост, впрочем една од нашите главни заложби како Сојуз. Ова е само додатен мотив за уште поупорно да работиме кон остварување на нашите цели.

Next Post

Борел: Европа не се бори против Русија, туку ја брани Украина

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk