Жителите на скопско Средно Коњари, поддржани од месните заедници во околината, денеска повторно протестираа против површинскиот ископ на песок во нивното село. Тврдат дека поради ископот за кој концесија добила една приватна фирма, штета трпи целото село. Тие успеаја во намерата, барем денеска, со бркање на камионџиите и багеристите да го запрат ископот, пренесе 360 степени.
-Неконтролирано и незаконски се ископува песок, а со тоа се уништуваат природните добра и се доведуваат во опасност куќите, бидејќи се копа во населено место. Се уништува екосистемот, подземните води спаѓаат, ја снемува водата за пиење. Додека не ја стопираат целосно работата, ние ќе протестираме – реагираат од месната заедница на село Средно Коњари.
Од Министерството за економија велат дека добиле претставка од локалното население, но се уште го чекаат извештајот од Државниот технички инспекторат за да одлучат дали фирмата ќе биде санкционирана.
Целиот текст на 360 степени.