ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието на пауза, пратениците од СДСМ образложуваа закони, од ВМРО-ДПМНЕ покажуваа транспаренти

May 10, 2022 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието е објавена пауза на 71. седница до 14.30 часот, а на барање на координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците Илире Даути. Барајќи пауза  на седницата на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваа транспаренти со што ја стартуваа најавената активна блокада на законодавниот дом, Даути рече дека се гази демократијата, а претседателот на Парламентот Талат Џафери не знае како да се однесува со пратениците. Апелираше да се следат точките кои се на дневен ред.

Според пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група Јован Митрески, сликата со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспарентите околу собраниската говорница, како што рече, е вистинската слика за единствената опозиција во светот која блокира Собрание во светска економска и енергетска криза. Истакна дека блокадите на важни закони не се национален спас како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

– Не може ВМРО-ДПМНЕ да е за спас на земјоделството, кога три месеци го блокира Законот за земјоделство и рурален развој, не може да е за спас на енергетиката, а осум месеци го блокира Законот за фотоволтаици. Две години го блокирате законското решение за локални патишта и инфраструктура. Е ова е тоа што вие го нудите како наводен национален спас, посочи Митрески.

Митрески истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ сака избори треба да обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието но тоа не може да го направи па затоа се обидува да ја блокира работата на Парламентот.

На седницата пратениците од СДМС ги изнесуваа своите ставови и уверуваа дека ја зборуваат вистината, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ постојано ги покажуваа транспарентите. Тоа се случуваше и додека претставниците на Владата ги образложуваа законите од своите ресори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги опоменуваше пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не е нивна задача да ги бројат присутните пратеници или да ги фотографираат.

Собранието во рамки на 71.седница не го усвои предлогот на група пратеници од опозицијата по итна постапка да се донесе законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Со 56 гласа „за“ беше предложено да бидат на дневен ред измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај и за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка.

На дневен ред на денешната седница се повеќе предлог-закони, главно од областа на финансиите и одбраната. Пред пратениците се и неколку предлог – одлуки, како и годишни извештаи за работата на државни агенции, комисии, МРТ и Судскиот совет. Ќе се разгледува и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година./МИА/

Next Post
ФОТО: Мета.мк

Изминатава зима имало драстични разлики во присуството на ПМ-2,5 честичките во делови на Скопје [инфографик]

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk