Податоците од месечниот извештај на Министерството за животна средина и просторно планирање покажува дека во февруари надминување на 24-часовната вредност на ПМ-10 честичките во Гази Баба била регистрирана во текот на 18 дена, додека мерната станица во Лисиче опасен воздух регистрирала во 17 дена од февруари. Надминувања во Центар имало 15 дена од февруари, додека над 50 микрограми на метар кубен на ПМ-10 честичките во Карпош имало во текот на 13 дена, а во Гази Баба 12 дена од овој месец.
Доколку се направи споредба на февруари 2022 година со истиот месец лани, на мерната станица во Гази Баба годинава имало помало загадување на воздухот со ПМ-10 честички. Имено, во февруари 2021 просекот на присуство на ПМ-10 честички во воздухот е 65,11 микрограми на метар кубен, додека во февруари 2022 просекот бил намален на 45,61 микрограми на метар кубен.
Слични податоци од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање се добиени и за во март. Огромни разлики во нивото за аерозагадувањето со ПМ-2,5 честичките се забележани во различни делови од Скопје.
И во март 2022, надминувањето на максимално дозволените концентрации на ПМ-2,5 честичките во Лисиче се регистрирани во дури 30 од 31 ден во месецот. Просекот на ПМ-2,5 честички во воздухот за март на оваа мерна станица изнесувал дури 49,14 микрограми на метар кубен и истиот е највисок во Скопје.
На мерната станица во Гази Баба, месечниот извештај на Министерството за животна средина и просторно планирање покажува дека 24 дена од месецот е регистрирано надминување на ПМ-2,5 честичките во воздухот над 25 микрограми на метар кубен. Овие опасни честички ги надминале горните граници и во текот на 23 дена кај мерната станица Ректорат во март 2022 година. Просекот за присуство на ПМ-2,5 честички во март во Гази Баба бил 33,63 микрограми на метар кубен, додека кај Ректорат се измерени 33,71 микрограми на метар кубен.
Наспроти ова, и во текот на март регистрирани се драстични разлики во однос на присуството на ПМ-2,5 честичките во Центар и Карпош. Мерната станица во центарот на Скопје регистрирала надминување на горната граница на ПМ-2,5 во воздухот во текот на 5 дена од март, додека во Карпош надминување на максимално дозволените граници е регистрирано само 1 ден од месецот.
И кај просечните вредности за присуство на ПМ-2,5 честичките во воздухот за март, кај мерната станица во Центар се регистрирани 18,8 микрограми на метар кубен во март, додека во Карпош мерењата покажале присуство на само 8,8 микрограми на метар кубен во текот на овој месец.
Во однос на ПМ-10 честичките, најголем број на денови со надминување на дозволените гранични вредности се регистрирани кај мерната станица Лисиче, и тоа 14 дена од вкупно 31 ден во месецот. Потоа следуваат Центар, Карпош и Ректорат, каде што имало надминување на горната граница на присуство на ПМ-10 честичките во текот на 12 дена од март. Во Гази Баба надминување на 24-часовната вредност на ПМ-10 честичките е регистрирана во текот на 5 дена во март.

Споредбата на податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање од март 2022 година во однос на идентичниот период лани, покажуваат во просек поголемо присуство на ПМ-10 честичките годинава. На мерната станица во Гази Баба во март 2021 просекот на присуство на ПМ-10 честички во воздухот било 36,38 микрограми на метар кубен, додека во март 2022 просекот е зголемен на 37,94 микрограми на метар кубен.
Инаку, проблемот со аерозагадувањето во Скопје се покажува дека е најизразен на мерната станица во Лисиче. Овој заклучок е и претходно потврден, особено во делот на најопасните ПМ-2,5 честички, со текстовите кои Мета.мк ги објави за јануари 2022 и декември 2021, како и за ноември и октомври 2021 година. Исто така, Мета.мк пишуваше дека цели делови од Скопје, како што се општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари, коишто немаат мерни станици во рамките на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), па оттука нема ниту резултати од мерењата на овие локации во месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Пред 2-3 недели, беше презентирана Студијата за пропорционирање на загадувачите на Скопје, која во периодот од октомври 2020 до декември 2021 година имаше за цел да ги лоцира причините за аерозагадувањето во главниот град, но и нивниот удел во загадувањето. Резултатите покажаа дека греењето на дрва, е најзначаен извор на загадувањето на воздухот во Скопје во зимските месеци, додека сообраќајот, индустријата и согорувањето на нафта и мазут се извори на загадување во текот на целата година.
„Ново Лисиче има седум главни извори на загадување. Тоа се согорувањето на биомаса, односно загревањето на домаќинствата, потоа согорувањето оган на отворено, сообраќајот, секундарните аеросоли, индустријата, минералната прашина и согорувањето на нафта и мазут“, објасни Дејан Мираковски, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во однос на тоа зошто мерната станица Лисиче има повисоки загадувачки концентрации на ПМ-честичките во воздухот во однос на Карпош.