ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Борбите продолжуваат, Украина го запре транзитот на руски гас преку Луганск

May 11, 2022 10:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Извор на фотографија: Укринформ

Извор на фотографија: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Украинските власти за првпат од почетокот на руската агресија се одлучија да го сопрат транзитот на руски гас преку станицата „Сохрановка“ и пограничната компресорска станица „Новопсков“ во Луганскиот регион, објавува Би-би-си. Операторот на украинската гасоводна мрежа ГТСОУ објави дека поради околности од „виша сила“ е прекинат транспортот на руски гас.

Двете инфраструктурни точки во Луганската област сега се под контрола на руските сили, така што официјален Кијив предлага Украина да го врши транзитот на руски гас низ нејзина територија преку станицата „Суџа“ која што се наоѓа под контрола на украинските сили. Засега нема информации дека ваквиот чекор ќе влијае врз снабдувањето со гас за европските корисници.

Долниот дом на американскиот Конгрес ја одобри финансиската поддршка од 40 милијарди долари што САД планираат да ја доделат на Украина поради руската агресија на нејзината територија, пренесува Укринформ. Следниот чекор е ваквата одлука да ја одобри и горниот дом на конгресот.

Во меѓувреме, разузнавачките информации кои ги обелодени САД велат дека Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и освојувањето на источните делови нема да ги запре неговите амбиции. Директорката за национално разузнавање на Соединетите Американски Држави (САД) Аврил Хејнс пред комитетот на американскиот сенат рече дека Путин и понатаму има намера да ги оствари своите цели што се надвор од Донбас, но има неусогласеност меѓу неговите амбиции и воените способности на руската армија во моментов.

На терен борби се водат на север и североисток од градот Харкив, каде што украинските сили изминативе денови повратија под своја контрола неколку населени места кои претходно беа окупирани од руската војска. Укринформ јавува дека руските сили сега се обидуваат да го спречат понатамошниот напредок на украинските војници на север од Харкив.

Во Донбас, руските сили водат борби за ставање под контрола на Рубижне и за окупација на делови од Луман и Северодонецк. Борбите продолжуваат да се водат и во челичарницата Азовстал во Мариупол. Укринформ јавува дека во Луганскиот регион, руските сили гранатирале училиштe каде настава следат за деца со попреченост во Хорске. Како последица на гранатирањето, Северодонецк е оставен без снабдување со гас, додека во Словјанск со бомби биле погодени две населби.

Извор: МЕТА

Next Post

Захарова со жестока прозивка до Литванија за оценките на руската инвазија во Украина

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk