ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиевска: Мора да го негуваме менталното здравје и да го превенираме синдромот на прегореност

May 13, 2022 17:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Подигање на свеста за менталното здравје кај младите лица, со цел полесно да се справат со предизвиците со кои се соочуваат и ќе се соочат во иднина, е целта на работилницата на тема „Синдром на прегореност“ (Burn out syndrome), на која се обрати и сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, јавува МИА.

Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека пандемијата е таа која што имаше огромно влијание не само на физичкото здравје, но и на психолошката и емоционалната состојба кај луѓето, предизвикувајќи стрес и анксиозност.

– Бројот на луѓе кои страдаат драстично порасна за време на пандемијата. Хроничниот стрес, изолацијата и анксиозноста водат до ментална, емотивна и физичка исцрпеност. Пандемијата предизвика индивидуални и колективни трауми, поради социјалната изолација, чувството на страв од зараза, анксиозност поради неизвесната иднина, како и емоционални шокови, тагата и болката поради загубата на блиски луѓе, рече Ѓоргиевска.

Често се вели во здраво тело – здрав дух, но, и здравиот дух, нагласува таа, мора да го негуваме, а синдромот на „Burn out“ да го превенираме.

– Секогаш сметам дека превенцијата е клучна и доколку сме во можност најдобро е да ги спречиме негативните појави, истакна Ѓоргиевска додавајќи дека доколку навремено и соодветно не се адресираат овие состојби можат да имаат долгорочни негативни влијанија.

Сопругата на претседателот изрази уверување дека овие работилници, бесплатните сесии со психолози, стручните прирачници и интерактивните мапи, ќе ја променат перцепцијата во македонското општество, ќе помогнат кон отстранување на стигмата поврзана со менталното здравје и ќе им помогнат на луѓето да добијат добри и практични совети за ментална хигиена, како основа за нивната добросостојба.

Ова е една од четирите работилницата кои по повод месец мај, посветен на менталното здравје, се организираат од страна на Националниот младинскиот совет на Македонија, со поддршка на Канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија „Млади Хаб“. Во работилницата учествуваат млади на возраст од 15 до 29 години.

Next Post

Министерот Шаќири очекува конечен договор со СОНК на почетокот на идната недела

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk