ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Петровска го презентираше Планот за повисоки еколошки стандарди – одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

May 16, 2022 17:18
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Водени од програмата на Владата во однос на заштитата на животната средина, како и агендата НАТО 2030, која климатските промени ги постави како безбедносно прашање од највисок приоритет, Министерството за одбрана го изработи Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната и се позиционираше како лидер помеѓу институциите во заштитата на животната средина.

Министерката Славјанка Петровска денеска во касарната „Илинден“ го претстави овој План кој  се спроведува преку четири столбови – пренамената на затоплувањето од користење на загадувачки во незагадувачки енергенси, изградбата на фотоволтаични електрани на објекти во касарните, зголемување на енергетската ефикасност на армиските објекти, како и континуираното следење на влијанието на армиските активности врз животната средина. Петровска порача дека еко – одбраната не е само план на хартија, туку еден од клучните приоритети на сојузничката безбедносна политика кои Министерството ќе ги реализира.

„Со пренамената на затоплувањето од користење на загадувачки во незагадувачки енергенс, количината на јаглерод диоксид од армиските касарни ќе се скрати за половина. Касарната „Илинден“ е гасифицирана, а во Касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово целосно е завршена потребната инсталација и наскоро и двете касарни ќе бидат поврзани со гасовод. Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје е веќе приклучна на скопската дистрибутивна мрежа, а во моментов се работи на приклучување на последниот објект во оваа касарна. Пренамена на енергенсот се планира и за останатите касарни низ државата“, рече министерката Петровска.

Во однос на изградбата на фотоволтаични електрани до 2024 година, министерката истакна дека заштедите на средства наменети за електрична енергија по инсталацијата на фотоволтаичните електрани се проценети на ниво од над еден милион евра годишно. На овој начин Армијата своите потреби за струја ќе ги покрива исклучиво од ова сопствено производство.

Министерката информираше дека зголемувањето на енергетската ефикасност со што се заштедуваат и струја и топлинска енергија за армиските објекти веќе е во фаза на реализација – целосно се реновирани 5 големи објекти, во фаза на целосна реконструкција се 7 исто така големи објекти, а за 2023 планирана е реконструкција на најмалку 5 објекти, низ сите касарни и за сите единици на Армијата.

Мерењето на влијанието на армиските активности врз животната средина, исто така, веќе е практика. Универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет, со мониторираше две големи последователни вежби во 2019 и 2021 година, а резултатите покажаа дека армиските активности немаат никакво штетно влијание врз природната средина. Мерењето се спроведува и за време на вежбата „Swift response 22“ а резултатите ги очекуваме по завршувањето на вежбата.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини порача дека она што во моментот се работи и е од особена важност е мапирање на сите јавни институции на државно и локално ниво, начинот на нивно затоплување, состојбите со енергетската ефикасност на објектите и можностите и плановите за интервенција, а собраните податоци се јавно објавени на веб страницата на ова Министерство преку ново креираниот дигитален регистар.

 

„Сметам дека извонредниот пример што го дава Министерството за одбрана преку Еко-одбраната е одличен практичен пример што треба да направат сите останати министерства, државни институции, а особено локалните самоуправи, бидејќи само со точен увид во состојбите може правилно да се проектираат и мерките и средствата потребни за нивна реализација“, рече Нуредини.

На прес-конференцијата, професорот Драган Миновски од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, изработувач на Анализата врз која е изработен Планот на Министерството истакна дека му претставува чест што е дел од овој значаен проект за Армијата и за државата, проект што ќе придонесе за поголема енергетска ефикасност, заштеди на енергија и еколошки бенефити за Армијата и за државата.

„Согласно анализата можноста за инсталирање на фотоволтаични електрани е на ниво од 10,3 мегавати инсталирана моќност што е на рангот на сега пуштената нова фото-волтаична електрана од страна на АД ЕСМ во термоелектраната Осломеј во Кичево. Оваа инсталирана моќност би придонела за годишно производство на електрична енергија на ниво од 12.000 мегават часови, а вкупната инвестиција се проценува на некаде околу 6 милиони евра и многу брз поврат во рамки од пет ипол до шест години со сегашните цени и пазарни услови во делот на електричната енергија“, појасни професорот Миновски.

Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната во целост ќе се реализира до 2024 година.

Next Post

Ковачевски - Столтенберг: Отворени врати за нови членки во НАТО е вредност која треба да се продолжи

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk