ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Дигитализацијата приоритет за подобар квалитет на живот

May 16, 2022 17:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со дел од членовите на одборот на директори на организацијата „Македонија2025”, Мајк Зафировски, Васко Кроневски, Кати Ицева како и со извршната директорка Никица Мојсоска Блажевски. На средбата присуствуваа и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска како и министерот за економија Крешник Бектеши, информираат од Владата.

Во фокус на средбата во пресрет на Самитот на „Македонија2025”, беше истакната важноста од заедничката соработка на сите општествени чинители со особен акцент на важноста од дигиталната трансформација, интензивирање на јавно приватното партнерство, како и странските директни инвестиции сè со цел остварување на одржлив развој и повисоки стапки на економски раст.

Премиерот Ковачевски на состанокот истакна дека потребен е континуитет во клучни процеси кои треба да водат кон економски напредок, достапни наменски фондови, обука и едукација за реализација на проекти за успешна дигитална трансформација.

На средбата се дискутираше и за стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, кој ќе се одржи на 2 јуни во Вашингтон на кој ќе бидат опфатени теми од билатералните односи, но и оние кои се од значаен глобален интерес. Во фокусот ќе бидат прашања од областа на одбраната и економската соработка, трговијата и инвестициите, но ќе се опфатат и прашањата од доменот на образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото.

На состанокот беше дискутирано и за Платформата за просперитетна иднина и седумте приоритети кои се опфатени во истата, како вложувања во образование и зајакнување на човековиот капитал, иновации, инвестиции, подобрување на деловниот амбиент, демократија, борба со корупцијата и грижа за животната средина како и дигитализацијата на процесите.

Премиерот Ковачевски на средбата подвлече дека зајакнување на соработката со организацијата „Македонија2025″, со македонската деловна заедница надвор од земјата е од голема важност во привлекување нови инвестиции, трансфер на искуства како и примена на нови трендови кои можe да ја поттикнат домашната економија.

Беше заклучено дека само со заедничко делување на општествените чинители, како и со поддршка на стратешките партнери можеме да постигнеме повисоки стапки на економски раст.

 

Next Post

Османи од Брисел: Топката е кај Република Бугарија

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk