ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: „Оди си“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“, „Слобода“, „Готово е“…

Денеска сме сведоци на една „активна блокада” на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која всушност е една активна кочница на исполнувањето и гарантирањето на правата на граѓаните, а со цел да се спречи континуираниот успех на СДСМ за напредок на државата. Се обидуваат да ги избришат вредностите кои ги воспоставивме, а кои не’ исправија на нозе како држава, не’ етаблираа како НАТО членка и не’ приближија кон ЕУ. Најавуваат и народен протест, но зошто?, објави министерот Спасовски.

May 17, 2022 10:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Оди си“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“, „Слобода“, „Готово е“…. Ова беа дел од натписите на транспарентите на граѓанскиот протест 17.05.2015 против режим на кој заедно со граѓаните му порачавме Готово е! – со веење македонски и знамиња на етничките заедници, со обраќања на врвни професори, студенти, уметници, граѓански активисти, во мирна атмосфера, точно знаевме кои се причините за крајната цел – оставка на премиерот Никола Груевски и на целиот владин состав.

Ова го објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален фејсбук профил.

– Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, … заедно и обединети бидејќи и’ мислевме добро на државата, имавме безброј причини да протестираме против суров режим. Протестиравме против насилството и криминалот за кои дознавме од прислушкуваните разговори на 20 000 лица, против замолчувањето на неистомислениците, против полициската бруталност и тепањето студенти, против неправдите со кои ги осиромашија граѓаните, против меѓународната изолација и заробената држава, мрачните сценарија и обидите за дестабилизација, против ставањето на личниот и партискиот интерес над граѓанскиот, напиша Спасовски.

Го вративме достоинството на граѓаните, пишува Спасовски, ја вративме демократијата во државата, слободата на медиумите, независноста на судството… Од аспект на МВР, наведува, создадовме полиција блиска до граѓаните, партнер со граѓаните и вистински сервис за спроведување на нивните права.

– Денеска сме сведоци на една „активна блокада” на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која всушност е една активна кочница на исполнувањето и гарантирањето на правата на граѓаните, а со цел да се спречи континуираниот успех на СДСМ за напредок на државата. Се обидуваат да ги избришат вредностите кои ги воспоставивме, а кои не’ исправија на нозе како држава, не’ етаблираа како НАТО членка и не’ приближија кон ЕУ. Најавуваат и народен протест, но зошто?, објави министерот Спасовски.

Според Спасовски, тие не знаат зошто, протестираат против зголемени плати, против минимална плата од 18.000 денари, што во нивно време беше 9.000 денари, против функционалните институции, против, како што вели,  успесите на меѓународен план, против се’ што значи напредок за граѓаните и државата.

– Молкот никогаш не бил опција, особено ако има за што да се крене гласот! Тоа го покажавме со народниот протест одржан на денешен ден пред точно 7 години, а со кој кажавме – Доста беше молк, режим никогаш повеќе!, објави на фејсбук министерот за внатрешни работи Спасовски./МИА/.

Next Post

Нови средби на СОНК со МОН и МТСП, Шаќири очекува денеска да биде постигнат договор

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk