Пред неколку дена јавноста беше информирана дека данскиот репрезентативец со македонско потекло Андреас Трајковски одлучи во иднина да се натпреварува за Македонија и на атлетскиот митинг во Лимасол, Кипар со резултат од 7,41 го подобри 46 години стариот државен рекорд во скок во далечина.
Денес Трајковски имаше уште еден одличен настап на митингот во Александрија, Грција и со резултат од 7,60 за уште 19 сантиметри го подобри државниот рекорд. Покрај овој скок, Трајковски имаше скок и од 7,86, но истиот не беше признат заради недозволена брзина на ветерот.
Во наредниов период следуваат уште многу натпревари и многу нови шанси за нови рекорди. Сите љубители на атлетиката во Македонија следната недела ќе имаат можност да го видат Трајковски и во Скопје.
Освен овие убави резултати на Андреас Трајковски, за одбележување се и новите државни рекорди во маратон во машка и женска конкуренција коишто пред три дена ги постигнаа нашите репрезентативци на долги патеки. На натпреварот во маратон, во Копенхаген, Данска, Дарио Ивановски имаше време од 2:21:27, а Андријана Поп Арсова време од 2:35:29. Старите државни рекорди беа подобрени за три и пет минути
Претходно и Јован Стојовски постави нов државен рекорд на 100 м. со резултат од 10:59.
Овие убави резултати даваат надеж дека за македонската атлетика доаѓаат подобри времиња.
Ацо Лукароски





