ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН и СОНК ги усогласија ставовите, се чека одлука од членството на СОНК за да биде потпишана спогодба

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот постигнат меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука и апелира до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови.

May 18, 2022 07:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемување на платите за 15 проценти од септември и да не се кратат платите за периодот додека траеше штрајкот, е епилогот од преговорите што Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги водеа во изминатите 20-тина дена со посредство на медијатор.

За време на вчерашната неколкучасовна средба во Министерството за образование и наука биле допрецизирани и колективните договори и договорено е во иднина при креирањето на Буџетот заеднички да се разговара со синдикатот.

Препораките на медијаторот ќе бидат разгледани од членството на СОНК по што во рок од 10 дена се очекува да биде потпишана спогодба меѓу синдикатот и МОН.

– Сметам дека нашето членство ќе ги прифати овие препораки на помирувачот и дека ова ќе се претопи во спогодба која претходно мора да помине на орган на одлучување и Советот на СОНК ќе ме овласти да потпишам спогодба, изјави вчера претседателот на СОНК Јаким Неделков по состанокот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека во образованието ќе има повисоки плати, а и задоволен е што е најдено заедничко прифатливо решение согласно буџетските можности.

– Освен порамнувањето што го имавме претходно со минималната плата, се договоривме за дополнително зголемување на платите за 15 проценти со исплата од септемвриската плата. Мислам дека ова е прифатливо за двете страни согласно буџетските можности во овие времиња кога функционирањето на државата и управувањето со буџетот е отежнато поради економската и здравствената криза, рече Шаќири по средбата.

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот постигнат меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука и апелира до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови.
– Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15 проценти, почнувајќи од септемвриската плата. Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21 проценти зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието. До пред само пет години, максималното зголемување на платите беше 4 проценти, без глобални кризи, напиша синоќа Ковачевски на „Фејсбук“.
Посочува дека во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај процентуалното зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата и други придобивки.
Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На Синдикатот му беше понудено зголемување на платите од 10 и 12 проценти, но ваквите предлози беа одбиени од страна на членството.
На 26 април штрајкот во градинките беше ставен во мирување со образложение дека тоа е направено во интерес на родителите и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот од страна на Министерството за труд и социјална политика почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена вчера заврши со усогласување на ставовите на двете страни. /MИА/.
Next Post

Ковачевски апелира за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk