ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Очекуваме да се усогласат ставовите во Бугарија, не треба да наседнуваме на провокации

Мислам дека и тие знаат дека не може процесот да се врзе така директно, односно да се предуслови почетокот на преговори со финализирање на уставните измени, мислам дека има добар предлог на маса кој е компромисен меѓу нивното барање тоа да се заврши пред и нашето барање да биде пред самото членство и мислам дека предлогот што е на маса е добро решение. Мислам дека и во Република Бугарија се свесни за тоа, повеќе мислам дека е прашањето на не консолидирање на ставот таму за да може да се комуницира до нашето МНР, рече Османи.

May 18, 2022 12:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се уште е на констатацијата дека „топката“ е во Бугарија и според него таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа што понатаму со процесот меѓу Скопје и Софија.

– Ние тоа што го имавме го кажавме на сите средби, дури го формализиравме во различни документи, така што ние не работиме на нешто ново од тоа што досега го разговараме. Очекуваме Република Бугарија да има консолидиран став на Владата по однос на тоа што понатаму со овој процес. За жал, комуникација има, но конкретни разговори, се додека не го слушнеме тој консолидиран став од Бугарија немаме, изјави министерот Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната тематска конференција за Преспа Форум за Дијалог 2022.

Министерот негира дека се подготвуваат или разгледуваат конкретни предлози и теми.

– Мислам дека и тие знаат дека не може процесот да се врзе така директно, односно да се предуслови почетокот на преговори со финализирање на уставните измени, мислам дека има добар предлог на маса кој е компромисен меѓу нивното барање тоа да се заврши пред и нашето барање да биде пред самото членство и мислам дека предлогот што е на маса е добро решение. Мислам дека и во Република Бугарија се свесни за тоа, повеќе мислам дека е прашањето на не консолидирање на ставот таму за да може да се комуницира до нашето МНР, рече Османи.

Прашан да ја коментира изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека „нема да дозволи македонизам да влезе во ЕУ“, Османи потенцира дека има чинители во Бугарија кои се обидуваат преку провокации и блокади да направиме грешка во последните недели од циклусот.

– Има чинители во Бугарија, не можам конкретно да го апострофирам Радев, кои не само што сакаат блокадата да продолжи, туку по можност вината да е наша пред светот и затоа има обиди за блокада и  провокации, за да наседнеме, да направиме грешки во последните недели од овој циклус и ако не само ние, барем да бидеме изедначени на масата пред ЕУ како заеднички виновни. Досега е црно бела состојбата. Република Северна Македонија нема ниту една забелешка од кого било по однос на пристапот во овој процес, сите велат, вклучувајќи ги 26-те на масата завчера, дека топката е во Бугарија, вели Османи.

Според него, многу е важно овие денови и недели да бидеме внимателни да не наседнеме на провокациите кои имаат за цел и да сме блокирани и да сме виновни за тоа.

– Наша цел е да се деблокираме, да изградиме коректни односи со Бугарија, така што ќе продолжиме конструктивно во наредниот период, а таквите провокации ги отфрламе и осудуваме, рече Османи.

Коментирајќи ја изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, дека доколку до 30 јуни Северна Македонија и Албанија не ги почнат преговорите, регионот би можел да влезе во криза, Османи оцени дека „станува збор за криза на кредибилитет“.

– Сите анкети на јавно мислење покажуваат дека довербата дека ЕУ може да стои зад својот збор паѓа на земја, кај нас е падната на 9 отсто. Да не се разбереме погрешно, не е тоа поддршката за членство во ЕУ, таа е висока кај нас. Но, дали тоа што го збори Унијата може да го испорача, граѓаните ја губат довербата, а силата на европската порака е во довербата, потенцира Османи.

ЕУ, вели тој, го трансформираше регионот токму преку кредибилитетот на својата порака.

– Основната формула овие 20 години беше ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Ако се губи довербата во линкот меѓу „вие испорачувате, ние испорачуваме“, тогаш ослабнува влијанието на ЕУ во регионот, а во геополитиката вакуум нема, ако ослабнува едното се зајакнува другото. Без влијание не останува ниту еден регион во геополитиката и затоа Борел и сите се вознемирени бидејќи во засложништво е најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години, а тоа е политиката на проширување. Е таа политика е ставена под заложништво и тука веќе не е само наша битка за европска судбина, туку битка за самата ЕУ, смета Османи.

Next Post

Ковачевски: Со успешни политики го заштитивме стандардот на граѓаните и ги ублаживме последиците од кризата

Shortcut

Најново

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk