ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со успешни политики го заштитивме стандардот на граѓаните и ги ублаживме последиците од кризата

May 18, 2022 12:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски на дебатата во организација на „Македонија2025“ посветена на „Платформата за просперитетна иднина“, истакна дека Владата што ја предводи, како социјал демократска, има неколку постулати на кои што ја гради економската политика и додаде дека приоритет во нејзините политики е враќање на парите кај граѓаните, информираат владините служби.

„Мандатот го прифативме во период на исклучителни предизвици кога треба да се анулираат последиците од енергетската и економската криза како и растечката инфлација. Сметам дека квалитетно се справивме со овие прашања со оглед на тоа дека во само 100 дена успеавме низ социјален дијалог да ја покачиме минималната плата значително, да воведеме нова методологија и досега најголемо покачување на пензиите и да направиме усогласување на платите во најголемиот дел од секторите низ колективно договарање“, нагласи Ковачевски.

Во делот на стандардот, укажа Ковачевски, значајни се и програмите за поддршка на економијата, со кредити со ниски каматни стапки преку Развојната банка на Северна Македонија со цел да обезбедиме капитал кој ќе ја задржи ликвидноста на компании во овие исклучително тешки услови.

„Нашата втора определба е одржување на ниски нивоа на дефицит и на јавен долг што доколку се погледнат податоците од 2018, 2019 година токму тоа е случајот, практично едни од историски најниски дефицити и задолжувања, практично раздолжувања имавме во тоа време. Заради потребата да се финансираат антикризните мерки во услови на светска пандемија подоцна и енергетска криза нормално дека се пристапи кон експанзивна фискална политика при што монетарната политика водеше стабилизациона политика. Доколку ги погледнеме податоците ние и во време на кризен период успеавме да го одржиме, односно да го управуваме на многу одговорен начин јавниот долг на државата којшто пред крајот на минатата година и на почетокот на оваа го намаливме“, дополни премиерот Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека буџет на државата е ставен во среднорочна рамка со многу јасен план јавниот долг да го сведеме на ниво мастришките критериуми и дефицитот да го сведеме под нивото од 3% нормално очекувајќи инфлаторните притисоци да се намалат во тој период.

Next Post

Брнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања што придонесуваат за соработка и поврзување

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk