ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Евроинтеграцијата на Северна Македонија и Албанија е сведена на зборување за историја

May 18, 2022 13:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Отворен Балкан“ не е замена за европската интеграција, порачаа премиерите на Северна Македонија и на Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ кои се надеваат дека и останатите држави од регионот ќе ги препознаат бенефитите на оваа иницијатива и наскоро ќе се приклучат кон неа.

За премиерот Димитар Ковачевски, иницијативата „Отворен Балкан“ е исклучително позитивен чекор за зголемување на перфомансите на економиите во регионот и за нивна поголема конкурентност, а разговорите за теми од минатото не носат бенефит за никого.

– Нашата европска интеграција, зборувам за Северна Македонија и за Албанија, е заложник на Бугарија. Таа наша европска интеграција е сведена на зборување за историја, што практично сите земји од Европската Унија гледам дека го оправдуваат. Според мене, тоа е погрешно, бидејќи кога се зборува за историја, не се ветува ништо, туку само се зборува за нешто што се случило пред 100-150 години. Тоа е класична уцена и не може да произведе никаков бенефит за никого. Затоа сметам дека зборувањето за теми коишто ја засегаат иднината на државата се многу значајни и на таква основа треба да се водат сите разговори, рече Ковачевски на самитот „Македонија 2025“.

Покрај поедноставените царински постапки со кои е олеснет транспортот на храна, на претстојниот самит на иницијативата „Отворен Балкан“, што на 7 и 8 јуни треба да се одржи во Охрид, ќе се разговара за имплементацијата на единствен ИД број со кој граѓаните од Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат без вадење на работни дозволи, да ја продолжат кариерата во некоја од овие три држави. Трите држави – иницијатори на „Отворен Балкан“ најавуваат соработка и во областа на образованието и културата.

– Искрено и длабоко верувам во иницијативата „Отворен Балкан“ и се надевам дека и останатите регионални партнери ќе ја препознаат оваа иницијатива. Следната голема работа што ќе ја имплементираме веднаш по следниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ којшто ќе се одржи во Охрид на 7 и 8 јуни, а на кој ќе присуствува претседателот Вучиќ, ќе биде информациониот систем каде што граѓаните лесно ќе може да се пријавуваат да добијат електронска идентификација или единствен број којшто ќе им овозможува не само слободно да патуваат, туку и да работат во државите членки на иницијативата без некоја неопходна работна дозвола, рече српската премиерка Брнабиќ.

Брнабиќ верува дека бенефитите што ги нуди оваа иницијатива ќе бидат причина и останатите држави да се приклучат кон неа.

–  Кога ќе видите дека еден камион кој ја пренесува нашата стока било од Србија, Северна Македонија или Албанија, нема никакво чекање на граница затоа што сме ги усогласиле сите инспекции, царина, фитосанитарни прописи, тогаш мислам дека и граѓаните и стопанството од останатите земји на Западен Балкан ќе извршат притисок на своите политичари да се приклучат на иницијативата, рече Брнабиќ./МИА/

Next Post

Ковачевски: Отворен Балкан значи можност за инвестиции и економски раст на регионот

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk