ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Обезбедени средства од ЕБОР за реализација на автопатот Скопје – Блаце и регионален систем за управување со цврст отпад

May 18, 2022 13:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 200 милиони евра поволни средства од ЕБОР се обезбедени за реализација на регионален проект за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје – Блаце, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Предлог законите за обезбедување на средствата од оваа меѓународна финансиска институција предложени од Министерството за финансии, биле прифатени на вчерашната владина седница.

– Договорите за реализација на проектите со ЕБОР, после усвојување од страна на Собранието, ќе бидат потпишани од страна на Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавното претпријатие за државни патишта, се вели во соопштението.

Како што појаснуваат од Министерството, со Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, се предвидува да се обезбедат 167,6 милиони евра од ЕБОР, кои се обезбедуваат со рок на отплата од 16 години, со грејс период од четири години и каматна стапка која е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 процент.

– Со ова се комплетира финансиската конструкција за реализација на овој проект. Покрај средствата обезбедени од ЕБОР, ќе се финансира со грант средства од ВБИФ во износ од 26,5 милиони евра, наведуваат од МФ.

Целта на проектот, додаваат од Министерството, е да се подобри патната инфраструктура во земјата, односно предвидува изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.

– Со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад се обезбедуваат 55 милиони евра со рок на отплата од 15 години, грејс период од четири години и каматна стапка која се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 процент, се вели во соопштението.

Целта, посочуваат оттаму, е да помогне на земјата во развојот на регионални системи за управување со отпад во одредени региони на Република Северна Македонија, односно воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион.

– Министерството за финансии и Владата остануваат посветени на реализација на инфраструктурни проекти кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните, но и ќе имаат влијание врз економијата. Особено е значајно обезбедувањето средства за реализација на овие проекти по поволни услови во време на криза. ЕБОР е значаен поддржувач на Република Северна Македонија. Со поддршка од оваа меѓународна финансиска институција во земјава се реализираат инвестиции во железничкиот сектор и во патната инфраструктура, во енергетската инфраструктура, инвестиции во јавниот транспорт, пречистителни станици, а присутна е и во поддршка на приватниот сектор, особено за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија, за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. ЕБОР во изминативе 30 години има инвестирано над 2,2 милијарди евра во 159 проекти во земјата, се наведува во соопштението./МИА/

Next Post

Гуцати и Харадинај осудени на 4,5 годи затвор поради попречување на судски процес и заплашување сведоци

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk