ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дијалогот е единствено решение за проблемите, тоа го покажува и договорот со СОНК, вели Ковачевски

Премиерот потенцира дека овој случја потврди дека нашата држава има институции и има законски решенија коишто овозможуваат и без штрајк, со посредство на Законот за посредување и со ангажирање на посредник помеѓу МОН и СОНК и низ разговори, да се дојде до договор.

May 19, 2022 13:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот што го постигнаа СОНК и МОН, посочувајќи притоа дека дијалогот е решение за сите проблеми и предизвици. Со овој договор, потенцира Ковачевски, Владата уште еднаш покажа дека е на страната на работниците. 

– Веднаш штом од СОНК беа доставени барањата до Владата, ние отворивме процес на дијалог со Синдикатот, при што јас и јавно истакнав дека единствен начин да се постигне договор помеѓу работниците, претставени преку синдикатите и Владата е преку социјален дијалог и не отстапивме од тоа. Иако СОНК донесе одлука да оди на штрајк тој дијалог не беше прекинат, истана Ковачевски во одговор на прашање на МИА.

Премиерот потенцира дека овој случја потврди дека нашата држава има институции и има законски решенија коишто овозможуваат и без штрајк, со посредство на Законот за посредување и со ангажирање на посредник помеѓу МОН и СОНК и низ разговори, да се дојде до договор.

Тој нагласи дека сега има историско зголемување на платите во образовниот сектор за 15 проценти, што заедно со покачувањето во изминатите години од  21 процент, изнесува кумулативни над 36 отсто.

– Досега не се случило да има толкаво покачување на платата на просветните работници. Тие тоа го заслужуваат. Заслужуваат зголемување на платите. Затоа и уште една точка која што е договорено помеѓу МОН и СОНК е воведување на методологија за пораст на платите во 2023 година и исто така учество на синдикатот задно со Министерството, заедно со други министерства во реформите кои мора да следуваат во јавниот сектор и коишто веќе практично се отпочнати и коишто ќе значат и унапредување на образовниот процес, унапредување на условите за работа на наставниците и студентите и секако постигнување на подобри резултати за нашите ученици, коишто се мерат според меѓународни мерења, истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот најави дека следува и изработка на методолгијата, како и разговори со репрезентативниот синдикат и со други синдикати во однос на реформите кои следуваат и во однос на воведување на една комплетна методологија на раст на платите согласно со коефициенти за раст на трошоците, меѓутоа и согласно со коефициенти за зголемување на продуктивноста и услугите што се даваат на граѓаните. /МИА/. 

Next Post

Зошто Ердоган го кочи проширувањето на НАТО со Финска и Шведска, кои всушност се барањата на Турција?

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk