ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) МВР: Безбедноста на пешаците на прво место, значително намален бројот на жртви на патиштата

May 21, 2022 15:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите четири месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје продолжуваат со активностите со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Денеска во Велес беше организирана акција во склоп на кампањата „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“

Според деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, само континуираните превентивни активности даваат резултат во безбедноста во сообраќајот.

„Бројките покажуваат дека откако ја започнавме кампањата за безбедност на пешаците, има значително намалување на бројот на загрозени пешаци, како и на бројот на прекршоци кои истите ги сторуваат. Заедничките активности на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност претставуваат добар пример за мултиресорска соработка во која секоја институција во рамките на своите овластувања и капацитети придонесува за квалитетен пристап кон решавањето на проблемите на граѓаните, во случајот безбедноста во сообраќајот“, рече деканот Дујовски.

Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска посочи дека целта на кампањата е да се подигне свеста за подобрување на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот, а посебно на пешаците, но и на возачите кои треба да ги пропуштаат пешаците.

„Безбедноста во сообраќајот е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот. Исто така, продолжуваме и со кампањата ,,Матуранти – млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот”. Кампањата е со цел потсетување на матурантите на последиците од несовесното управување со возило и укажување на неопходноста од крајна внимателност доколку за матурската вечер се одлучат да седнат позади воланот. Апелираме матурантите за време на матурските прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол, а родителите да не им ги даваат на своите деца автомобилите туку подобро е тие да ги одведат до местото на матурската прослава и да го намалат ризикот од сообраќајни незгоди, рече Кожуваровска.

Помошник министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакна дека ваквите превентивни акции директно влијаат на подигањето на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.

„Им благодарам на нашите партнери од РСБСП и Факултетот за безбедност. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите четири месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите четири месеци од 2022 година има 26 жртви, што е за 14 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 40. Само во месец април 2022 година имаме четири жртви, а во април 2021 имало 12, значи бројката е дури три пати помала во април 2022“, сооопшти Ангеловски.

Ангеловски потенцира дека покрај превентивните акции, продолжуваат и засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата.

Next Post

Министерката Петровска заедно со синдикатите ги усогласи измените за подобар Закон за служба во Армијата

Најново

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk