ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Марко и Мартина, двете кафени мечки од Скопската ЗОО заминаа во Швајцарија

May 22, 2022 18:11
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Фото: Stiftung Arosa Bären | VIER PFOTEN

Фото: Stiftung Arosa Bären | VIER PFOTEN

Share on FacebookShare on Twitter

Марко и Мартина, двете кафени мечки, жителки на Скопската Зоолошка градина заминаа во нов живот во AROSA Bear Sanctuary во Швајцарија. Тина Мицковска, активистка за правата на животните деновиве информираше дека по заминувањето на двете мечиња, ќе се реновира едно од најстарите живеалишта во ЗОО градината кое треба да биде доволно големо и пространо за другите две кафеави мечки Бим и Бум да продолжат да живеат поубав живот, пренесува МЕТА.

„Благодарност нај, највеќе до Four Paws International кои и овојпат помогнаа и овие две, односно четири мечки, да добијат подобар живот, а секако нај нај фала за моите колеги кои го прифатија предизвикот. Дење ноќе бевме во ЗОО со тимовите од странство на неколку пати, бидејќи се правеа подготовки и медицински прегледи за транспортот. Сите неспиени, ама среќни, едвај чекам слики од мечките кога ќе бидат пуштени надвор во тој преубав рај каде што се сега“, напиша Мицковска, на чија иницијатива се направи преселбата.

Деновиве Мицковска, заедно со претставничките на „Four Paws International“, Иона Данглер, директорка на одделот за диви животни и Барбара Ван Џин меѓународен директор на секторот „Wild animals rescue & Advocasy”, имаше средба и со генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија Методија Димовски. На средбата се разговарало за начинот на заштита на дивите животни во С. Македонија, за проблемот со илегална трговија за кој Мета.мк веќе подолго време пишува, како и на потребата од создавање легална рамка за заштита и благосостојба на дивите животни во земјата.

Генералниот секретар на Владата, Димовски истакна дека легислативата на нашата земја во голем дел е усогласена со легислативата на Европската Унија и дека земјата е потписник на меѓународните договори и конвенции што ги допираат овие теми.

Димовски изрази уверување дека Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и Парламентот интензивно ќе се ангажираат за унапредување на легислативата за заштита на дивите животни.

На средбата беше оценето дека во најскоро време ќе биде креиран меморандум за соработка меѓу Владата, ресорните министерства и „Four Paws International“ и дека ќе се работи на унапредување на легислативата за заштита на дивите животни како и на создавање на спасувачки центри (резервати) за кафената мечка.

Next Post

Верстапен победи на ГН на Шпанија

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk