ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска на концерт на тенорот Благој Нацоски во Рим во чест на светите браќа Кирил и Методиј

May 23, 2022 19:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА

За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето на нивната мисија треба да биде достојно, достоинствено и далекугледо. Тие не создадоа писмо, азбука, збор за поделби. Тие се дадоа себе за да создадат универзално добро. Не случајно Ватикан ги прогласи за Патрони, Заштитници на Европа, а нивните дела за цивилизациска вредност, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на чествувањето на манифестацијата „Денот на свети Кирил“ во Рим, во чии рамки концерт одржа реномираниот тенор Благој Нацоски, jaвува МИА.

Пред концертот, кој се одржа во салата „Балдини“, во своето кусо поздравно обраќање министерката за култура потенцираше дека е голема пораката на мудрите сесловенски просветители Кирил и Методиј во битката дека секој народ има право да пишува, да зборува и да му се моли на Бога на својот јазик.

– И денеска, кога и јас пред вас говорам на македонски, еден од јазиците кој ѝ припаѓа на словенската група јазици, има ли поголем повод и подобар миг да ги слушнеме зборовите на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов… отпеани од нашиот најпознат тенор во светот, од нашиот амбасадор на културата во оваа прекрасна земја, нашиот Благој Нацоски, рече Костадиновска-Стојчевска.

Маестро Благој Нацоски настапи во пијано придружба на Алесандро Д‘Агостини, а на програмата беа дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Беа изведени стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска е член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, која денеска и утре престојува во Италија и во Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј.

Како дел од делегацијата, Костадиновска-Стојчевска беше и на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск и на полагањето венец на спомен-плочата на македонски јазик посветена на делото на светите браќа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

За утрешниот ден е предвидена посета на базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на Св. Кирил, на кој ќе началствуваат митрополитите г. Пимен и г. Јосиф.

Next Post

Ковачевски по средбата со Петков: Во моментов не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk