Учениците денеска го завршуваат тринеделниот зимски распуст и враќат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019-2020 година. На сите основни и средни училишта наставата ја следат 270.000 ученици, а меѓу нив 20 000 се првачиња.
Новото полугодие почнува со нови повисоки плати за наставниците кои од јануари согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука, растат за 10 отсто.
За учениците пак од денеска пак почнуват да важат ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз, соопштија од ЈСП.
Заедно со безплатните билети за учениците се враќа и зимскиот возен ред кој беше променет согласно зимскиот училишен распуст. Второто полугодие кое почнува денеска ќе трае до 10 јуни кога почнува летниот распуст.
A.Зеќири