Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во предвечерјето на финалето на Лигата на шампионите, за Карло Анчелоти, кој го предводи Реал Мадрид, вели дека тој е еден од најдобрите луѓе што некогаш можете да ги запознаете.
„Сигурен сум дека мојот англиски не е доволно добар за да најдам вистински зборови. Она што е Карло за мене, тој очигледно е еден од најуспешните менаџери во светот, но тој е пример во начинот на кој се справува со сите успеси. Тој е еден од најдобрите луѓе што некогаш можете да ги запознаете. Мислам дека сите ќе ви го кажат тоа; тој е фантастично друштво, навистина убаво момче и имаме навистина добри односи. Имаше малку пауза кога беше во Евертон затоа што и двајцата премногу го почитувавме овој дел од бизнисот, инаку ќе излеговме на вечера неколку пати. Не го направивме тоа. Почитта кон него од моја страна не може да биде поголема. Тој е неверојатен, тој е чисто искуство и многу, многу, многу успешен. Тој освои сè насекаде и никогаш нема да запре и јас навистина го почитувам тоа, но тоа не значи ништо за овој конкретен натпревар“, вели Клоп.
Клоп е категоричен дека нема да се плаши од неверојатниот тактички мозок на Карло Анчелоти во финалето на Лигата на шампионите или од неговиот извонреден Реал Мадрид, и покрај нивните три неверојатни камбекови во ова натпреварување оваа година.
Ливерпул денеска (сабота, 28 мај) во 21 часот, ќе се соочи со Реал Мадрид во Париз на „Стад де Франс“ во финалето на Лигата на шампионите.
Ј. Ѓ.