Видео со застрашувачки цитати од заменик-претседателот на Комитетот за одбрана на руската државна дума Владимир Шаманов, поранешен врховен командант на руските воздушни трупи, обвинет воен злосторник. Тој зборува за ужасните планови на Русија за Украина, нејзините владини лидери и новинарите.
Новинарка Оксана Кравцова: Сметате ли дека рускиот народ и армија се наделиви? Некој од нашите воени рече дека војната е бизнис карта за нашите луѓе?
Шаманов: Геополитички, така испаѓа. Нашата нација е создадена врз база на територијално зголемување. Надвор од границите на нашата нација, независно од националноста, тој човек е Русин. Тие Руси мора да бидат подготвени да ја бранат својата татковина, секогаш. Имаше многу војни. Тој конгломерат од етникуми и многу други примери на човечки квалитети ја прават основата на Руската армија. Постојат студии за воената способност коишто се прават еднаш во пет години. Ние сме многу понапред од останатите, надминувајќи ги значително останатите нации. Нашата супериорност е препознаена насекаде во светот. Нема потреба да се тешиме себеси, така е веќе долго време. Ако сакаме да создадеме нормални услови за идните генерации, треба во следните 20 до 40 години да ја искорениме оваа болест. Нема да биде лесно. Мора да биде под наша контрола, не треба да се лажеме дека некој друг ќе го стори тоа за нас.
Тоа што мислевме дека тие (Украинците) ќе не пречекаат со цвеќиња беше една од главните грешки. А тоа го почувствувавме во првие пет дена.
Here is a video with jarring quotes from Russian State Duma Deputy Defense Committee Chairman Vladimir Shamanov, former Commander-in-Chief of the Russian Airborne Troops, accused war criminal. He talks about Russia’s horrific plans for Ukraine, its gov’t leaders and journalists. pic.twitter.com/glE906igKY
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 29, 2022
Новинарка: Што ќе се случи со Украина по „специјалната операција“, какви ќе бидат границите?
Шаманов: Ова е најтешко да се предвиди. Не го знаеме мислењето (мајндсетот) иднината на популацијата, ниту пак односите со земјите со коишто граничи нашата земја, тие со сигурност ќе се обидат да влијаат. Прво, мислам на Полска, и Балтичките земји до некој степен, исто и Романија. Пред нас е долг период во кој ќе бидеме единствените присутни во Украина, затоа што мораме целосна да ја демилитаризираме, а тоа не е лесно. Ќе бидат потребни 5-10 години. Второ, денацификацијата, која ќе се случува симултано, со создавање на влада која ќе биде „исчистена“ од тие неонацисти. А тоа ќе биде тешко остварливо.
Новинарка: Дали можеби Украина ќе стане дел од Русија?
Шаманов: Искрено, дали ни е потребна? Ако тое не се случи, ги имаме ДНР (т.н. Доњецка Народна Република), ЛНР (т.н. Луганска Народна Република) и Крим. Крим е наш, а ДНР и ЛНР се под наша целосна контрола. Гледате ли што прават тие нацисти. Палат мостови, уништуваат инфраструктура, многу пари ќе бидат поребни за обнова.
Новинарка: Но тие велат дека ние сме ги уништиле. Веќе ја изгубивме информациската војна, тие беа подготвени многу добро.
Шаманов: Тие и нивните „крекачи“ можат да прават што сакаат, тие креираат лани вести. Пуштете ги да прават што сакаат. Како што почна, војната и ќе заврши. По завршувањето на војната, Украина ќе остане без ништо.
Новинарка: Гледаме градови, како Мариупол, што се срамнети со земја. Што ќе биде со Мариупол?
Шаманов: Ќе му помогнеме на Мариупол. Ќе стигнеме и до нивните милијардери со помош на политичкото раководство. Мора да ги „фатиме“ нивните милијардери како „копилето“ Турчинов, ѓубрето Јарош. Како што вели нашиот врховен командант, сите тие ќе сносат одговорнот. Ги имаме прелиминарните компоненти да создадеме Национален трибунал, во разговори сме со Кина и со земјите од БРИКС. 100 % ќе има таков трибунал. Како во Нирнберг.
Новинарка: Ќе биде ли пратен таму новинарот Дмитриј Гордон?
Шаманов: И Гордон. И (Олексеј) Арестович и останатите го**а. И госпоѓата што им вети марами на жените што ќе тажат по нашите пилоти и дека децата ќе останат сираци. Сите тие ќе бидат пратени таму, во трибуналот. Ќе ги видиме подгрбавени на клупите. Треба да ги заковаме со клинци, како во рекламите за лек против хемороиди.
Шаманов е познат како немилосрден руски воен водач, наречен „Касапот на Чеченија“.
За време на Првата чеченска војна, за време на чеченското востание, учесниците велеа дека Шаманов е реинкарнација на Алексеј Јермолов, алудирајќи на рускиот империјален генерал од Кавкаската војна во 19 век, кој во своето време бил познат по својата безмилосна политика кон локалните бунтовници и нивните поддржувачи меѓу цивилите.
Владимир Шаманов е одликуван со наградата Херој на Руската Федерација за неговата служба во Чеченија, но групите за човекови права силно го критикуваа за воените злосторства извршени од војниците на Руската Федерација под негова наредба, за време на Првата чеченска војна од 1994-1996 година и Втората чеченска војна од 1999-2009 година.
Обработка: И. Т. З.