ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

May 30, 2022 11:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа средба со потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде пред почетокот на меѓународната конференција „Економски финансиски форум“, организирана од Министерството за финансии, на тема: „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

На средбата во фокус на дискусијата беа енергетиката и земјоделството како клучни сектори во услови на глобална енергетска криза.

Дополнително премиерот Ковачевски се осврна на клучните економски податоци за макроекономските движења, мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од енергетската криза, инвестиции во зелена економија и одржлив развој како и проектите од четиригодишната Рамката за партнерство со Светска Банка 2019-2023.

Премиерот Ковачевски ја истакна важноста на соработката со Светска Банка, како и проектите кои се спроведуваат за енергетска ефикасност во јавниот сектор, унапредување на образованието кои  се дел од четиригодишна рамка за партнерство со Светска Банка, во вкупна вредност од 420 милиони долари. Целта е насочена кон креирање конкурентна економија, инклузивен и одржлив раст на земјата.

Премиерот Ковачевски подвлече дека Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Несомнено е дека економските последици од војната во Украина влијаат на проекциите и на истите е извршена надолна ревизија, следејќи го трендот на ревизија на проекциите на глобално ниво. При тоа, Планот за забрзан економски раст, воспоставен минатата година  усвоен од Владата, е добар патоказ за постигнување на нашите среднорочни цели, и истиот е позитивно оценет и од Групацијата на Светска Банка.

Ковачевски и Бјерде дискутираа и за важноста од имплементација на зелената агенда, дигитализацијата, иновациите и технологијата, развој на човечкиот капитал, подобрување на инфраструктурата се приоритети утврдени и од Владата и вградени во Планот за забрзан економски раст.

Бјерде истакна дека Светска Банка останува активно вклучена во реализација на активностите во Северна Македонија, кои се дефинирани во тековната Рамка за партнерство, но и продолжува со детални анализи на пооделни сектори кои ќе се отсликаат во новата дијагноза за земјата и од кои ќе произлезат фокусираните области на соработка. Секако горенаведените приоритети ќе бидат вградени во новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светска Банка.

Светска Банка во Република Северна Македонија активно работи на повеќе проекти. Нивната реализација и забрзувањето на динамиката на дел од нив, исто така, беше тема на состанокот. Меѓу нив се Проектот за надградба и развој на патиштата, воспоставувањето Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии, Проект за поврзување локални патишта, Проект за администрација за социјално осигурување, Проект за подобрување на основното образование, Проект за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, како и Проектот за одговор при итни случаи за КОВИД- 19.

Next Post

Османи на бизнис форум во Токио ги презентираше суштинските параметри на економијата на Северна Македонија

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk