ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Креираме политики и мерки кои овозможуваат економско зајакнување на жените од руралните средини

May 30, 2022 15:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска во дебарското село Долно Косоврасти присуствуваше на средбата за вмрежување и градење на сојузништва „Можности за економска активација и вработување на жените од Маврово, Ростуше, Дебар и Центар Жупа“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Средбата беше организирана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје, Здружението Радика Де -Дебар и Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје, како дел од проектот „Родова димензија на политики во фокус – јакнење на резилиентност во пост-ковид период“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка под програмата Цивика Мобилитас. На средбата се разговараше за можностите за економски активности на жените во програмите и мерките кои ги имплементира Министерството за труд и социјална политика во соработка со сите ресурсни министерства.

„Како министерство во континуитет креираме политики и мерки за решавање на предизвиците со невработеноста преку развој на работната сила со имплементирање на годишните програми за вработување со што овозможуваме директно вработување на лицата и стекнување на вештини кои се актуелни на пазарот на трудот.“ рече Тренчевска.

Министерката истакна дека реканскиот крај е еден од најсоодветните за Програмата за самовработување каде на едно лице се доделуваат 307.500 денари, додека за содружници се доделуваат двојно повеќе односно 615.000 денари со кои ќе се овозможи отворање на бизниси во рурален туризам како и производство на високо квалитетна органска храна.

„Покрај програмата за самовработување од особено значење се и мерките за обуки за напредни ИТ вештини. Каде преку обуки невработените лица ќе се стекнат со знаења кои ќе ги направи компетентни за вклучување на пазарот на трудот. Потребата од ваквите профили се наметна од дигитализацијата на бизнисите. Исто така со актуелните измени во Законот за работни односи заедно со социјалните партнери ќе се регулираат и атипичните форми на вработување како работа од далечина и работа од дома што се од исклучителна важност за жените од руралните средини.“ додаде Министерката.

Тренчевска ги охрабри жените да ги користат мерките кои Владата и релевантните Министерства ги имплементираат. Каде почетна точка за тоа е пријавувањето како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.​

Next Post

Ковачевски: Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk