Разговарав телефонски со градоначалникот на Тетово Билал Касами и го информирав дека Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук
Додава дека остануваат во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни во зависност од состојбата на теренот.
Се придружувам на неговиот апел и ги повикувам сите граѓани на Тетово и на околните места да се придржуваат до препораките за лична заштита, пишува Ковачевски.